Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лажни инвалиди гласале од дома

0
By Менче Атанасова Точи on April 2, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рекордниот број на болни и немоќни кои гласале од дома на денот на локалните избори ги загрижува  набљудувачите, но не предизвика никаква реакција кај политичките партии.

Никој не истражи како е возможно од дома да гласаат 13 323, особено што МОСТ предупредува на растечкиот тренд на вакви случаи.

-Непропорционалниот сооднос на бројот на гласачи со бројот на пријавени болни и немоќни е само уште еден показател на тоа, велат во МОСТ.  

Во оваа граѓанската асоцијација укажуваат дека во Теарце имало поднесено 49 барања за предвремено гласање од дома, но откако Општинската изборна комисија најавила дека ќе врши проверки дали лицата ги сполнуваат условите за ваков вид на гласање, сите барања биле повлечени.

Во струмичко Ново Село од дома гласеле повеќе од 5 проценти од населението, во Крушево и Демир Хисар 4, 3 проценти, а слична е ситуацијата и во Берово, Пехчево, Босилово, Демира Капија, Пласница. Во Градско од 3127 гласачи, 105 биле болни инеподвижни, па  гласале од дома. Во Велес 46 261 дури 679 не биле во можност да излезат да гласаат на изборните места.

Според законските уредби под болно и немоќно лице се подразбира лице кое неможе да ги врши основните животни потреби, кое е неподвижно, потполно слепо, заболено од дистрофија или сродни мускулни или нервно мускулни заболувања, церебрална или детска парализа, како и параплегија.

Експерти за НОВА објаснуваат дека за да се има некоја од овие дијагнози лицето неможе да се движи во станот ниту со соодветни помагала, неможе да одржува лична хигиена, да се облекува, да зема храна, ниту да ги извршува основните животни потреби.

НОВА поседува  документи од лекар во Велес кој на еден човек му издал уверение дека боледува од ваква тешка болест. Утредента, ден по изборите човекот е виден и фотографиран како без проблем се шета по улица. Документите, името на лекарот и адресата на човекот ги има редакцијата на НОВА.

Од МОСТ велат дека токму драстично големиот број на болни кои гласале од дома ја доведува во прашање тајноста на гласот на овие лица. Дополнително, прашање е дали ваков документ може да издаде матичен лекар. Од таму апелираат до надлежните институции да ги истражат ваквите случаи и да ја информираат јавноста за причините поради кои овие граѓани не се наоѓаат во Избирачкиот список.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025
ФОКУС

Филипче: До крајот на годината буџетската дупка ќе изнесува 1,4 милијарди евра

ВЕСТИ October 15, 2025

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција говорејќи за економските индикатори, изјави дека состојбата…

Донации во пари за првите десет дена од кампањата за локалните – за ВМРО-ДПМНЕ 423.000 евра, за СДСМ 7.000 евра

October 14, 2025

Прогласени лауреатите на наградата „Европско наследство“ за 2025 година 

October 14, 2025

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025
ТИКЕР

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.