НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лажните вести од руско-украинскиот фронт го преплавија светот а не е имуна ни Македонија

0
By Biljana on March 11, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Војната во Украина, која го вознемири светот, се бие на два фронта – првиот во кој секојдневно гинат по неколку десетици недолжни цивили, вториот во кој светот е „бомбардиран“ од информации, вистински или лажни, чија крајна цел е да поттикнат сочувство или омраза, симпатии кон едните или кон другите.

За комуникологот – специјалист за односи со јавност и нови медиуми, Бојан Кордалов, војните надвор од теренот, отсекогаш се добивале и губеле и на полето на информирањето и дезинформирањето.

„За жал и во 21 век зборуваме за војна, за очекување е повторување на истиот пристап кон информации и дезинформации, особено во ера на дигитализација, време во кое информацијата за неколку секунди може да го обиколи целиот свет, односно кога распространувањето на вестите речиси нема никаква граница. Затоа сметам дека медиумите во традиционална смисла на зборот, играат клучна улога како и сите кредибилни медиуми кои имаат свои уредништва и се водат во известувањето според базичните новинарски стандарди“, вели Кордалов за НоваТВ.

Руско-украинскиот конфликт и напливот од информации го сврте вниманието на јавноста кон нетрадиционалните медиуми. На социјалните мрежи секојдевно се споделуваат фотографии и видео материјали од нападите во Украина и нивното влијание врз локалното население.

Но, дилемата е колку овие информации се проверени, реални и точни?

На пример, да тргнеме од една фотографија на која се гледаат девојка и момче во униформа, во емотивна прегратка. Објавена е на Твитер на 24 февруари со наслов „Ова е главниот град на Украина: сцена на збогување и љубов…“

 

Според истражувањето на Фондацијата „Метаморфозис“ и нивната платформа „Вистиномер“, на посочената фотографија која ги преплави социјалните мрежи со објави дека Украинка го испраќа својот свршеник да се бори на фронтот, всушност станува збор за сцена од филм снимен во 2017 година.

„Сцена од филм од 2017 година, невистинито претставена како да е од тековната инвазија во Украина. Видео материјалот всушност е клип од филм снимен во 2017 година, а не украински војници кои заминуваат во војна. Видеото потекнува од филмот „The War of Chimeras”. Филмот ја документира приказната за млад брачен пар за време на битката кај Иловајск, која се одвиваше во 2014 година во близина на Доњецк, Украина“, се вели во истражувањето на фактите кое го спровел тимот на „Вистиномер“.

Кога станува збор за тоа како публиката да распознае лажни вести, дезинформации и пропаганда, Кордалов вели дека за жал, релевантни истражувања покажуваат дека медиумската писменост во земјава е на ниско ниво.

„Децениското нееднакво или целосно невложување во потребите на граѓаните води до ваква состојба и до поголема подложност на лажни вести и теории на заговор. Сепак треба да бидеме фер и да признаеме дека околу 600 илјади луѓе живеат под прагот на сиромаштија, не можат да се прехранат, платат сметки… Сведоци на училишта кои прокиснуваат, нееднаков квалитет на настава од место до место, од општина до општина… Повеќе од две третини од нашите сограѓани немаат модерен канализациски систем, пристап до многу современи потреби какви што има само во дел од главниот град итн. Кога ова ќе го ставите на вагата, јасно е дека граѓаните се најмалку виновни, а институциите многу потфрлиле“, вели Кордалов и додава дека институциите мора да се свртат кон потребите на граѓаните.

Според него, ако почне да се вложува во дигитални уреди, вештини и знаења, за одредено време ќе има подобрувања на овој план.

„Бидејќи дигиталната писменост е вештината на овој век и токму таа може брзо да не извлече од замката во која паднавме како општество. Но, потребна е волја и секако акција. Не акциски планови само и стратегии, туку ‘засукување ракави’“, додава тој.

Но, освен на социјалните медиуми, военото лудило се прелеа и кај традиционалните медиуми. Така, Си-Ен-Ен пред неколку дена објави видео од мало момче кое плачејќи со една пластична ќеса во раката ја поминува полската граница.

Оваа снимка ги преплави социјалните мрежи, но од полската гранична служба, експресно објавија дека момчето не било само како што се алудираше во снимката.

„Четиригодишното момче Валериј од Украина всушност беше со семејството, а на граничниот премин Медика доби слатки од службениците. Тој и неговото семејство се безбедни во Полска“, се наведува во објавата од Граничната служба.

Сето ова го наметнува прашањето: Колку медиумите, во време на војна, може да предизвикаат штета? Според Кордалов, медиумите никогаш не може да бидат штетни бидејќи тие се основата на демократијата. Но, тој вели дека само луѓе, со име и презиме, ако не се придржуваат до саморегулирачките стандарди и етички принципи и правила во новинарството можат да предизвикаат штета, особено во време на војни и светски кризи.

„За жал, во војна не може комуникациски да очекуваме ниту демократска мисла, ниту слобода на информации, а ниту дебата на аргументи. Ова не е ТВ дуел помеѓу власта и опозицијата, па да ги мериме аргументите. За жал, ова е војна и тоа во 21 век, каде гинат луѓе и се разоруваат цели“, заклучува Кордалов.

Модерните технологии и дигитализацијата се плодна почва за „војна со информации“, каде не ретко е тенка границата помеѓу она што е вистина, а што пропаганда.

Еден таков пример е и објавата за извесна Наташа Пераков, „првата жена борбен пилот од Украина која го загуби животот во воениот конфликт“. Фотографија со таков наслов го обиколи светот.

Проверката од страна на тимот на „Вистиномер“ покажала дека се работи за непотврдена информација, бидејќи според нивните истражувања, ниту украинската војска ниту официјалните органи на Украина немаат споменато ништо за смрт на жена пилот.

Она што е потврдено со факти, а може да се прочита и на официјалната страница на украинското Министерство за одбрана е дека вистинското име на девојката од фотографијата е Олесија Воробеј Петровна и оти таа во 2016 година победила на избор за убавина.

„Победник на натпреварот на убавици во униформа „Слава на хероините! во регионот Луганск, стана постариот војник Олесија Воробеј.

Европската Унија го забрани емитувањето на руските телевизиски канали „Раша тудеј“ и „Спутник“. И Владата во Северна Македонија, придружувајќи се на санкциите, им препорача на кабелските оператори да го прекинат емитувањето на руските ТВ канали.

На 1 март, светските медиуми пак јавија дека руски проектили ја погодиле ТВ-кулата во Киев.

„Руските власти не ќе може да ја заобиколат темата околу загинатите руски војници“, беше речено на онлајн дебатата „Како да се победи војната со дезинформации во Украина?“ во организација на Германскиот марашалов фонд во Вашингтон.

Лажните вести и дезинформации поврзани со конфликтот во Украина, беше тема на онлајн дебата организирана од Германскиот марашалов фонд во Вашингтон под наслов „Како да се победи војната со дезинформации во Украина?“.

Како што пренесе Гласот на Америка, учесниците на дебатата заклучиле дека кога реалноста од војната во Украина ќе почне да се чувствува и во Русија, руските власти не ќе можат да ја заобиколат веста за загинатите руски војници кои нема да се вратат дома.

(Извор: Глас на Америка)

Брет Шафер од Алијанса за обезбедување демократија рече дека Русија ја изгубила информациската војна оти не успеала да го докаже изговорот за напад на Украина.

„Навистина е тешко да ја убедите сопствената јавност, на која сте и кажувале дека нема да започнете војна, а потоа започнувате војна“, вели тој, нагласувајќи оти забележал дека изминатава недела Кремљ станал „сè поочаен со наративите што ги турка“.

Мартина Билдзукиевиц од Европска служба за надворешни работи, пак ги повикаа и граѓаните да се вклучат во борбата против дезинформациите, зборувајќи со роднини и пријатели во Русија кои, или немаат пристап до објективни информации, или и веруваат на Русија под влијание на „пропагандата која трае со години“.

Рускиот интернет регулатор „Роскомнадзор“ минатата недела соопшти дека го блокирал пристапот до Фејсбук во земјата. Подоцна, како што пренесоа новинските агенции, бил ограничен и пристапот до социјалната мрежа Твитер.

Претходно, рускиот Парламент донесе закон против ширење „лажни вести” за руската војска, со казни затвор од 15 години.

(Б.Божиновска)

Бојан Кордалов дезинформации лажни вести за конфликтот во Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.