Скандалот со коњското месо не престанува да ја тресе Европа. Вчера британските власти привремено затворија две кланици под сомневање дека продаваат коњско месо декларирано како говедско и ја запленија целата количина на месо пронајдена за време на инспекциската контрола.
Франција предходно за продажбата на коњско месо декларирано како говедско ги осомничи добавувачите од Романија, Холандија, Полска и Кипар.
Министрите за здравство на Европската унија денеска заседаваат за скандалот со лажното говедско месо.
Од маркетите во Европа повлечени се големи количини готова храна , лазањи и шпагети со месо.
Откриено е дека тестенините со „говедско месо“ содржат 60, па дури и 100 проценти коњско месо.
Македонија не е во 16 европски земји алармирани поради овој скандал.