Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛДП бара повлекување на Законите за медиумски мрак

0
By Нова ТВ on August 23, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За ЛДП двата закона кои се однесуваат на медиумската сфера се рестриктивни и отвораат врата за воведување цензура од најсталинистички тип.

„Бараме од владеачката гарнитура да имаат доблест и да ги повлечат овие два закона или во понеделник кога почнува пленарната дебата, да ги преименуваат во Закони за воведување комплетен медиумски мрак“, стои во соопштението на ЛДП.

Според ЛДП конечно паднаа маските на оваа власт, која со двата закона кои се однесуваат на медиумите, сака само да го озакони безаконието кое таа самата го креираше во оваа значајна и чувствителна сфера.

ЛДП укажува дека вакви закони не се на барање на Брисел, како што впрочем и јасно се огради преку соопштение делегацијата на Европската комисија во Македонија. Овие закони не се обид и начин да да се решат клучните прашања и проблеми во медиумската сфера.

„Овие закони се алатката на власта за ставање под контрола и на печатените и на интернет-медиумите и дисциплинирање на електронските медиуми со казни.Власта не сака ред и во делењето на рекламниот колач, туку и натаму сака в раце да го има моќното оружје да ги поткупува медиумите и да ги контролира редакциите. На овој начин институциите имаат неприкосновено право сами да одлучуваат на кој медиум ќе ги емитува своите реклами за сеење магла и фалење на власта.Власта не сака да го раскине бракот од интерес со медиумите и затоа не дозволува да се забрани медиумите да финансираат изборни кампањи и со тоа да учествуваат во политичката пропаганда“, стои во реакцијата на ЛДП.

ЛДП го повикува премиерот на Р. Македонија да не дозволи неговиот шеф на кабинет да ги уредува вестите, да дозволи медиумите слободно да работат и да го повлече Законите за медиумски мрак!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025
ФОКУС

Прогласени лауреатите на наградата „Европско наследство“ за 2025 година 

ВЕСТИ October 14, 2025

Гренландско-данската истражувачка Инге Бисгард, словачката иницијатива „Про Монумента – Превентивно одржување на споменици“, реновираната зграда…

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025
ТИКЕР

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.