Либералите вечер носат одлука дали да се придружат на утрешните протести на СДСМ, околу најавата за апсење на претседавачот на Советот на Општина Центар, Миодраг Шиповиќ, изјави за НОВА потпретседателот Нано Ружин.
Утрешното враќање на Шиповиќ во Македонија според најавите, повлекува негов евентуален притвор, со што постои голема веројатност за блокада на Советот на Општина Центар, изјавуваат за НОВА од Центар.
Блокирањето на Советот би се случило доколку Шиповиќ го врати мандатот и оттука, би останале 11 члена на ВМРО-ДПМНЕ и 11 на СДСМ, со што во игра влегува Љубомир Медарски од ВМРО-НП.