Светската кошаркарска ѕвезда, и лидерот на Мајами во НБА лигата, ЛеБрон Џејмс, ја доби наградата за Најдобар спортист од страна на Асошиејтед Прес.
Џејмс е третиот кошаркар, по Лери Бирд и Мајкл Џордан, кој ја добива оваа награда, која се доделува од 1931 година.
Во изборот на Асошиејтед Прес, Џејмс победи во конкуренција на спортистите Пејтон Менинг (рагбист) и Џими Џонсон (автомобилски тркач).
Во минатото оваа награда ја добивале Џо Луис, Џеси Овенс, Мухамед Али, Карл Луис, Џо Монтана, Тајгер Вудс и Мајкл Фелпс.
ЛеБрон Џејмс, во годината која изминува, го предводеше Мајами до втората последовна титула, беше избран и за Најкорисен играч во НБА шампионатот.