Фабриката за играчки „Лего” ќе ја повлече својата најнова колекција на играчки, откако минатата година ја додаде „Палатата на Џаба“ од серијалот „Ѕвездени војни“, со што предизвика бурни реакции кај Исламската заедница во Австрија.
Играчката е наменета за деца на возраст од 9 до 14 години, каде го прикажува ликот на Џаба како негативец. Џаба прв пат се појави во филмот „Враќањето на Џаба” од 1983 година, а живее во палата која наликува на џамија, полна со ракети и оружје и ја држи во заложништво принцезата Лејла.
“Ова не е соодветна играчка за децата. Оваа колекција е педагошка бомба и ги покажува муслиманите како терористи. Џаба е прикажан како терорист кој пуши наргиле и ги убива своите жртви”, изјави Мелиса Ѓунес, претставник на културната асоцијација на Турција (TCA) во Австрија. Критичарите тврдат дека постои голема сличност помеѓу палатата на Џаба и Аја Софија во Истанбул. Тие од ЛЕГО побараа веднаш да го повлече производот од пазарот.
Од „Лего” ги отфрлија обвиненијата: „Овој наш производ не е базиран на ниедна реална градба, луѓе или споменатата џамија“, изјави портпаролката Катарина Сасе, додавајќи дека објектот потекнува исклучиво од сагата „Ѕвездени војни“.
Сепак, тие го повлекуваат производот во 2014, но не поради овие контраверзни изјави, туку како што велат, поради тематска промена на колекцијата играчки на секои две години.