Данскиот произведувач на играчки „Лего“ најави отпуштање на осум проценти од работниците, откако е регистриран полугодишен пад на приходите од пет проценти, проследен со значителен пад на продажбата.
Од „Лего“ е најавено укинување на најмалку 1.400 работни места и тоа најголем дел пред крајот на 2017 година. Во оваа компанија моментално има 18.200 вработени.
Овој произведувач на коцки пријави профит од околу 2,38 милијарди долари и на тој начин го надмина конкурентот за производство на играчки „Мај литл пони“, чиј профит изнесува околу 1,82 милијарди долари.