Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лек за исфрлање на вишок вода од телото може да предизвика рак на кожа

0
By Нова ТВ on November 17, 2018 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Македонија, на веб страната на Агенцијата за лекови(МАЛМЕД)нема никакво известување за употреба на овој лек. Во МАЛМЕД велат дека ќе контактираат со Агенцијата за лекови во Србија, за да видат од каде доаѓа предупредувањето

Лек кој се употребува за исфрлање на вишок течности кај лицата со висок притисок, а во својот состав има хидрохлортиазид може да предизвика два типа на рак на кожата, предупредува Агенцијата за лекови во Србија.

Носителите на дозволи на овој лек и Агенцијата за лекови на Србија во вторникот писмено ги известиле лекарите од ризикот на базоцелурален и планоцелурален карцином на кожата кај пациенти кои користат поголеми дози од овој лек, а секоја промена кај болните да ја пријават во Центарот за фармаковагиланца.  Во известувањето стои дека фармакоепидемиолошките испитувања покажале дека постои зголемен ризик од немалономски карцином на кожата при употреба на повисоки дози од овој лек.

Од Агенцијата ги известуваат пациентите кои го земаат овој лек да ги следат сите промени на кожата и веднаш да го известат својот лекар доколку забележат сомнителни разлики.

Овој лек не е повлечен од аптеките, само е дадено предупредување. Тој и наоѓа многу широка примена, а лекарите најчесто го даваат со терапија против висок крвен притисок. Неговото дејство се состои во тоа што ја исфрла водата од организмот, го снижува притисокот и ги намалува отоците.

Голем процент од полулацијата страда од висок крвен притисок, а се повеќе млади луѓе се соочуваат со овој проблем и се ставени на терапија против оваа болест.

Во Македонија, на веб страната на Агенцијата за лекови(МАЛМЕД)нема никакво известување за употреба на овој лек. Новиот директор Ќамил Ибраими вели дека немаат  никаква пријава за несaкано дејство, ниту пак некој од интернистите пријавил такво нешто. МАЛМЕД не ги известиле лекарите за можниот ризик од овој лек.

„Немаме никакво известување од лекарите интернисти, ниру клинички испитувања докажале такво нешто. Заради тоа и не сме ги известиле сите лекари и носителите на дозволи“, изјави Ибраими за НОВА.

Тој најави дека ќе контактираат со Агенцијата за лекови во Србија, за да видат од каде доаѓа предупредувањето.

Лекари за НОВА велат дека ризикот од рак на кожа може да постои кај пациенти кои го консумираат лекот во поголеми концентрации и тоа со години.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
ФОКУС

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

ВЕСТИ October 22, 2025

Европскиот парламент усвои резолуција за Србија во која се истакнува поларизацијата и растечката репресија во…

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

October 21, 2025

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.