НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекари до Антикорупциска доставија детали за фамилијарните набавки на Хематологија

0
By Менче Атанасова Точи on May 10, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Именувањето на Др.Ирина Пановска за член на Комисијата за ретки болести од страна на министерот за здравство Венко Филипче е длабоко кршење на сите правни норми, мегаскандал поради  фамилијарните фармацевтски врски кои фрлаат сериозно сомневање врз начинот како се делат тендерите и фаворизираат одредени фирми, се вели во Претставката до Антикорупциска, од лекарите од Хематологија

Само еден ден откако Антикорупциска комисија отвори предмет за да го истражи судирот на интереси на Клиниката за хематологија се огласија од Јавното обвинителство од каде соопштија дека „во посебниот извештај на  Управата за финансиска полиција, не се утврдени повреди во постапката по јавните набавки, ниту е утврден судир на интереси кај одговорните лица, туку јавната набавка во целост и во сите фази е спроведена согласно закон“.

Наспроти ваквите тврдења на Финансиската полиција, во Претставката испратена до Антикорупциска со која се бара да се отвори предмет за роднинските врски на првите луѓе на Kлиниката за хематологија и веледрогеријата „д-р Пановски“, а до кој дојде НОВА, се наведуваат повеќе примери зошто треба да се констатира судир на интереси кој влијае на квалитетот на здравствените услуги и на набавките на лекови.

Во писмото пишува дека од страна на директорката Ирена Пановска комплетно е сменет Стручниот колегиум, кој сега е инструмент во нејзините раце за набавка на скапи лекови од веледрогеријата на нејзиниот татко, Др Пановски.

Лекарите тврдат дека со новата систематизација, која била  донесена на сила, нетранспарентно и незаконски директно и лично од вд. директорката Ирина Пановска освен Стручниот колегиум, сменета е и главната медицинска сестра, сите раководители на одделенија, а способните и докажани стручни кадри кои се носители на дејноста се деградирани што влијае на квалитетот на лекувањето и изборот на лекови.

„ Стручниот колегиум по закон му предлага на директорот кои лекови треба да се набават и  друг потрошен материјал потребни за вршење на здравствената дејност, но во оваа Клиника, новиот Стручен колегиум не е веќе стручен орган на установата и не се сомнева во квалитетот на лековите, бидејќи Стручниот колегиум сега е станат еден евтин инструмент во рацете на вд.директорката. Тоа е заштитен круг на послушници. Резултатите, за жал се евидентни и во лекувањето и квалитетот на згрижување на пациентите, а смртноста е евидентно зголемена во последната година. Како лекари ја молиме Антикорупциската комисија што побрзо да го провери тој податок“ пишува  во Претставката од група лекари на Хематологија.

За докторите на Хематологија е нејасно како ниту една надлежна инситутуција – Министерство за Здравство, Фонд за здравствено осигурување, МВР, Јавно Обвинителство, па и Владата не може да увиди очигледен пример на конфликт на интереси како што е  во фактичката состојба, каде ќерката е носител на јавна функција, а нејзиниот татко главен снабдувач со лекови и материјали на истата.

„ Изгледа дека воопшто не важат законите за ова семејство “пишуваат лекарите до Антикорупциска комисија.

Тие сметаат дека Ирина Пановска го релативизира ова прашање, со тоа што до Државната комисија за спречување на корупцијата поднесе изјава за нејзино “изземање од сите постапки за јавни набавки” каде како потенцијален понудувач може да се јави веледрогеријата на татко и, како и со назначување на „надзор“ на набавките од “надворешни стручни лица” кои не се вработени на Клиниката, а се надлежни да го следат и да вршат увид во начинот на кој се реализираат јавните набавки.

„Ниту еден нов лек не е ставен на позитивна листа, односно сите се набавуваат со условни буџети, чии износи не се регулирани, како ни должината на достапноста на лековите. Другиот аспект е добавувачот на овие лекови, каде не смее да се прави разлика меѓу личноста со директен конфликт на интереси и други пријатели од веледрогериските кругови, со кои подоцна главната веледрогерија ќе ги регулира сметките и односите. Злоупотребата е јасна ако се согледа дека некои добавувачи се редовни на листата, а други, значајни „играчи“ во тој сегмент, воопшто ги нема меѓу добавувачите. Сумите кои проаѓаат низ нивните раце треба државата сама да ги пресмета“, се вели во писмото.

Групата доктори од  ,исто така нагласуваат дека врската татко – ќерка не завршува со Клиниката за Хематологија. Фамилијарниот бизнис метастазира и во Министерството за здравство со експресното именување на Пановска за член на Комисијата за ретки болести – позиција со која може да влијание и врз одлуките кои лекови ќе се набавуваат и за кои болести, односно кои болести се ставаат на списокот на ретки.

„Именувањето на Др.Ирина Пановска за член на Комисијата за ретки болести од страна на Mинистерот за здравство Венко Филипче е длабоко кршење на сите правни норми, мегаскандал поради  фамилијарните фармацевтски врски кои фрлаат сериозно сомневање врз начинот како се делат тендерите и фаворизираат одредени фирми“, велат лекарите во Претставката.

Писмото од докторите завршува со апел до антикорупциската итно да отвори случај и да утврди конфликт на интереси покрај за Пановска и за останатите ново именувани раководители кои се тесно поврзани исто така со фармацевтски куќи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.