Не смее да бидете облечени во скафандер повеќе од шест часа, бидејќи може да колабирате. Ова го алармираат докторите кои се дел од ковид центрите, пренесе „Фокус“.
Покрај ова, тие велат дека после шест часа во скафандер потребно е да се направи неколку часа пауза, за да може повторно да се облече скафандерот
Инаку, за денеска е закажана пленарна седница на која има една точка на дневен ред – гласање доверба на Влада. Токму поради ова, координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицески и пратеничката од истата партија Ангелинка Петкова, денот го поминаа во скафандер во посебна кабина во Собранието, бидејќи се позитивни на корона вирусот.
Двајцата ковид-позитивни пратеници во скафандери пристигнаа во Собранието