Published: Thursday, November 11, 2021 11:30
Двајцата пратеници од ВМРО –ДПМНЕ кои се позитивни на Ковид-19, облечени во скафандери пристигнаа во Собранието, за да присуствуваат на денешната собраниска седница на која треба да се гласа за недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев.
Станува збор за пратеникот Никола Мицевски, кој е и координатор на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, како и за пратеничка Ангелика Петкова.




