Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарите и пациентите седнаа заедно: Да се врати довербата за крај на насилството

0
By Менче Атанасова Точи on September 24, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да се лоцираат проблемите и да се стави крај на насилството врз медицинскиот персонал. На оваа тема денеска дискутираа и на заедничка маса седнаа здруженијата на пациенти и претставници  на  Стоматолошка, Фармацевска и Лекарска комора.

„Незадоволството е од недостапност на здравствени услуги, недостапност на третман, доцнење на третман,  недостапност на термин и сето тоа кога ќе се собере настанува и очај и шок и депресија, а кај некои се манифестира во насилство. И  ако го шетате пациентот по клиники долго време, ако не знаете што му е или знаете, а нема терапија или ако ја има не ја добива, не знаете каде да го изразите своето незадоволство. Често пациентите се жалат во здруженијата и во институциите, но ретко добиваат одговор дека е проследен случајот. Ако се подобри комуникацијата ќе се подобри и довербата “изјави Весна Алексовска од Здружението „Живот со предизвици“.

Претседателката на Лекарската комора Калина Старделова Гривчева, во чија организација беше настанот смета дека проблемот не е секогаш во пациентите, туку генерално незадоволството од состојбата се рефлектира врз лекарите. Таа смета дека и тие како лекари треба да поработат на себе, да го сменат малку односот за пациентите да сфатат дека решението не е во насилството.

„Технички може да се реши проблемот со обезбедување, но практично јас не би сакала како лекар да ме чува обезбедување од моите пациенти, сакам мојот пациент да има доверба во мене и тоа е што сакаме да постигнеме. Ќе ги викнеме и здруженијата на лекарите, па повторно пациентите додека не постигнеме успех. Видовме многу неубави работи, претепување, пукање  и планираме да седнеме и со здруженијата на лекарите, сега кога ќе ги слушнеме мислењата на пациентите и со што се сретнуваат на пат до својата дијагноза. Нивните искуства многу ќе ни помогнат и на нас“, изјави др. Калина Старделова Гривчева, претседателка на Лекарската комора.

Таа смета дека децениските случувања во здравството, лошите реформите во минатото кога  пациентите беа третирани само како бројка, рекламите во медиумите против лекарите, идеите да се удри лекар што беше зацртано во член 304 Г во Законот за здравствена заштита каде што стои„освен ако лекарот е дрзок“, допринеле за ваквата состојба и потенцира дека тоа сега се менува.

Во стоматологијата овој проблем не е толку изразен.

„Треба да се донесе Законот за стоматолошка дејност. Во стоматологијата се случуваат инциденти, но многу поретко бидејќи се работи во мали ординации, но не значи дека не треба да се работи на ова“, рече Марјан Денковски, претседател на Стоматолошка комора.

Медицинските сестри сметаат дека проблемот е хроничен и така треба да се решава.

„Треба една долготрајна стратегија насочена кон владините институции ,кон нас и кон пациентите. Ние често се сретнуваме со вербално и физичко насилство но, семејствата мора да знаат дека сето тоа влијае на работниот тек. Значи, мора да се работи на враќање на довербата  за да сфатат дека ние сме таму за нив. Ако институциите не овластиле, треба да не остават да работиме, а своето незадоволство може да го изразат во институциите и никако не смеат тоа да го изразат на агресивен начин“, рече Виолета Котевска, претседателка на Комора на здравствени работници со стручно образование.

На дискусијата од здруженијата на пациентите укажаа на долгогодишните проблеми  во здравствениот систем и предложија да направат обуки со пациентите за да ја зацврснат довербата.

„Има големо таложење на проблеми и се уште не сме задоволни. Хроничните работи треба да се менаџираат и треба да видиме што треба да направиме.  Дали да направиме некои обуки за да се врати довербата“, рече Биба Додева, претседателка на Здружението „Борка“.

„Мене ми требаа 5 години за на маса да седнам 10 лекари за да работат заедно на проблемот со ретките болести, а претходно не сакаа да работат заедно, се потенцира, Алексовска.

Претседателката на собраниската комисија за здравство Мирсада Емине Асани  потенцираше дека секој лекар е и потенцијален пациент и изрази задоволство што на ваков начин тргна да се решава проблемот.

„ Не се сите лекари неквалитетни и жалам за сите лоши коментари на социјалните мрежи. Јас како лекар не сум била заштитена и поентата ми е во системот, нема струка која не е во системот“, рече  Мирсада Емине Асани.

Од Лекарската комора потенцираа дека дискусиите ќе продолжат и во иднина, се со цел да се врати довербата и да престане насилството кое станува алармантно во последно време.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.