Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарите ќе се следат со електронски систем

0
By Менче Атанасова Точи on December 30, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Електронски систем за следење кој ќе покажува каде во моментот се наоѓаат лекарите, предвидуваат измените на Законот за здравствена заштита кои добија зелено светло на Комисијата за здравство по што влегоа во собраниска процедура.

Централниот систем на BSC (Balansed Scorecard) е електронски систем кој ќе врши евидентирање на медицинскиот персонал на нивното присуство во просториите на болниците, особено во амбулантите, операционите сали, одделенијата, во просториите каде што се прават дијагностички интервенции, како и нивното доаѓање и одење од работа.

Проверување на личниот идентитет ќе се врши со скенер со биометриски сензор поставен во секоја јавна здравствена установа. Овој систем ќе покажува и како биле лекувани пациентите, односно во детали кој лекар колку лекови му дал на пациентот.

Во забелешките, Лекарската комора предупредува дека овој систем се меша во медицинските протоколи. Пратеничката на ДУИ, Мирсада Асани потенцира дека нема потреба лекарите да се следат каде се во секој момент, бидејќи тие што сакаат да доаѓаат на време на работа и да работат, тоа го правата без притисоци.

Сепак, во изјава за НОВА, пратеничката Асани се осврна повеќе на другите моменти, како што е Мој Термин и како и учењето на албанскиот јазик на сите лекари.

„Имав забелешки на „Мој термин“ бидејќи не се согласувам со времетраењето на прегледот. Сметам дека 15 минути не се доволни за преглед, особено за психијатриските болни. Но, добив одговор дека Лекарската комора ќе го одредува времето за прегледи. Што се однесува до обуката на специјализантите во странство која ќе биде задолжителна, ќе биде тешко да си го овозможат тоа бидејќи тој дел нема да го покрива Министерството за здравство“, изјави за НОВА пратеничката Асани која е лекар по професија.

Таа нагласи дека погрешно се сфатил делот од измените во законот каде се вели дека државниот испит ќе се полага пред комисија од Министерството за здравство.

„Тоа ќе биде Комисија избрана од Лекарската комора, професори и доктори на науки кои ќе бидат од областа на која што специјализираат лекарите“, изјави Асани.

Измените предвидуваат и парични казни за пациентите кои не можеле да дојдат на преглед, а претходно не го откажале прегледот. Во законот стои дека Јавната здравствена установа може да побара пациентот да си го плати прегледот или интервенцијата доколку повеќе од двапати во месецот , односно четири или повеќе пати во текот на годината го откажал прегледот без да го почитува рокот на откажување. Лекарите пак, кои ги упатиле пациентите на снимање на компјутерска томографија или на резонанца, а 20 проценти од резултатите биле негативни, ќе мора да одат на обука. Во забелешките Лекарската комора бара ова ограничување да се тргне бидејќи постои опасност лекарите да ги праќаат пациентите на снимање дури кога ќе бидат сигурни дека ќе има позитивен резултат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.