Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарка заминува во странство,не може да се вработи поради бирократска процедура

0
By Менче Атанасова Точи on November 30, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мирсела Коминова е лекарка која не може да се вработи поради бирократска процедура, таа нема обична електронска здравствена картичка со која може да влезе во системот за евиденција на пациенти.

Картичката(која треба да ја има секој граѓанин) ја чека цела година и вели дека од Фондот за здравство нема одговор кога ќе почнат да издаваат нови картички, откако беше раскинат договорот со фирмата која ги изработуваше.

Мирсела за НОВА раскажува дека испуштила пет работни места бидејќи прво што ја прашуваат сопствениците на амбулантите е дали има електронска картичка со која треба да биде внесена во системот како матичен лекар.

„Електронската картичка ја уплатив пред една година и еве цела година чекам да добијам картичка која ќе ми овозможи да влезам во системот како матичен лекар. Во Фондот ме советуваа дека во системот можам да влезам преку картичката на медицинската сестра, но тоа не е така бидејќи се работи за доверливи податоци кои треба да ги внесува лекарот, особено во делот на превенцијатата или таканаречените Цели. Испуштив работа во пет амбуланти, директорите се плашат да ме вработат бидејќи казните се големи “, изјави за
НОВА Мирсела Коминова.

Оваа лекарка, битолчанка која на Медицинскиот факултет во Скопје дипломирала во 2009-та година и извесен период живеела во странство, вели дека како студент од внатрешноста успеала со многу труд да го заврши факултетот. Еден извесен период работела во амбуланта во село Бојане каде што работела на стар начин на внесување на пациенти, со снимање на USB, а неколку месеци работела дури и како медицинска сестра за да може да егзистира.

Мирсела сега интензивно учи германски јазик и се подготвува како и многу други лекари да ја напушти државата, наместо да допринесува во татковината каде што се школувала. Таа вели дека не е единствена која се соочува со ваква бирократска процедура, заради што не може да се вработи.

„ Сакав да работам како лекар во Македонија, но, очигледно тука нема да најдам работа иако сопствениците на амбулантите беа позитивно расположени да ме вработат. Сега планирам да си заминам од државата, учам интензивно германски јазик“, вели Мирсела.

За да ја провериме оваа неверојатна приказна,НОВА контактираше некои од амбулантите каде што Мирсела аплицирала за работа. Од таму ни потврдија дека таа како личност и како лекар им оставила голем впечаток, но, не можат да ја вработат бидејќи нема како да ги внесува податаците, а се плашат да ја вработат и поради казните од Фондот.

„Точно е тоа што ви го раскажала Мирсела. Таа аплицираше за работа кај нас и навистина ни остави голем впечаток, но за жал не може да влезе во системот и да ги реализира превентивните цели на кои сме обврзани, за кои следуваат големи казни доколку не ги сработиме“, изјави за НОВА сопственик на една од амбулантите, кој од страв од реперкусии замоли да не го објавуваме неговото име и презиме.

НОВА одговор побара и од Фондот за здравствено осигурување. Од таму кратко одговорија дека Фондот работи на решавање на проблемот со електронските здравствени картички, а пак претставки од лекари кои имаат проблем како Мирсела, воопшто немале.

„Досега Фондот нема добиено претставка од ниту еден матичен лекар, значи никој не се пожалил. Фондот заедно со Министерство за здравство интензивно работи на решавање на проблемот со ЕЗК“, се вели во одговорот на Фондот.

Нема одговор до каде е тендерот за избор на фирма која ќе ги изработува картичките бидејќи договорот со претходната фирма е раскинат, ниту колкав е вкупниот број на граѓани кои чекаат да добијат картички за кои уплатиле по 250 денари. Неофицијално, околу 80 000 граѓани побарале да го добијат овој документ кој е задолжителен при евиденција на лекарските прегледи.

Во меѓувреме додека се чуди на небулозите на македонските институции Мирсела поднесе претставка до Народниот правобранител, а најави дека ќе се обрати и во Хелсиншкиот комитет за човекови права. Го пакува и својот куфер, за наскоро своето знаење и труд да понуди во белиот свет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.