Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекот што можел да го спаси момчето дониран од фондација од САД

0
By Менче Атанасова Точи on January 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Станува збор за лек  кој не е скап и на светскиот фармацевтски пазар на големо, една ампула чини 32, 82 долари и е за 68 проценти пониска од просечната малопродажна цена која е 103, 63 долари

Лекот со кој можел да се спаси животот на момчето кое почина од компликација по анестезија ќе биде дониран американска фондација, потврди за НОВА министерот за здравство Венко Филипче. Лекот се употребува како прва помош при случаи на малигна хипертермија  која настанува во комбинација на одреден вид анестетик кај пациенти кои имаат генетска мутација во организмот.  Министерот Филипче најави дека во моментот се преговара да се види која од двете дози на лекот е најсоодветна  и која количина е потребно за да се има во државата.

„Го најдовме лекот ќе го донира  американска фондација со која ќе видиме дали ќе се обврзе трајно да го набавува лекот. Доколку не, ние веднаш ќе започнеме процедура за набавка на лекот“, изјави за НОВА, министерот Венко Филипче.

Лекот воопшто не е регистриран во државата, а досега никој не ни побарал да се набави и регистрира.

Во медицинската литература стои дека ризикот од смрт кога ќе се прими лекот е само 5 проценти, а без него е 75 проценти.

Малигната хипертермија во пракса се случува многу ретко, според светските статистики во еден од 15 000 случаи. Но, секоја болница, односно држава треба да го има овој лек во случај на ваква ситуација. На хируршките клиники велат  дека никогаш немале ваков случај и досега никој не се сетил да го набави овој лек. За проблемот велат дека е системски и не зависи од лекарите.

„Тоа не е лек со магична моќ но, е добро да го има бидејќи може да помогне. Лекот Дантролен не е нов лек, но не е регистриран во Македонија, а многу тешко се наоѓа и во Источна Европа. Постои во студии дека може да помогне, што не значи дека ќе го спаси животот но, може да помогне во спасување и ние се уште бараме начин каде да го најдеме. Се надевам дека и тој проблем ќе се реши, можеби не треба да го има во секоја болница бидејќи е многу скап, но треба да постои некоја резерва која треба да се чува некаде во државата“, изјави д-р Маја Мојсова раководител на КАРИЛ.

Сепак, се покажа дека лекот Дантролен и не е толку скап како што се мисли и се прикажува.

На светскиот фармацевтски пазар на големо  една ампула чини 32, 82 долари и е 68 проценти пониска од просечната малопродажна цена која е 103, 63 долари.

НОВА неофицијално дознава дека пред извесно време во приватната болница Систина имало сличен случај кај три и пол годишно дете во текот на операцијата. Болницата го имала овој лек и детето било спасено. По извесно време на него му била направена уште една операција и поминало без никакви компликации, со употреба на друг анестетик.

Како што објави НОВА момчето било донесено како итен случај со повреда на двете колена од пад на час по физичко воспитување. Смртта настапила кога му бил даден инхалационен анаестетик. Анестезиолозите тврдат дека не се работи за алегрија, туку се сомневаат дека настанала малигна хипертермија која се случува во многу ретки случаи кај пациенти кои имаат генетска мутација и во комбинација со анестетик може да настапат компликации и смрт.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.