Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекови на рецепт нема- се изјасниле 72, 6 проценти од граѓаните

0
By Менче Атанасова Точи on March 8, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лекови на рецепт во аптеките повторно нема уште во првата половина на месецот.  Новата распределба на квотите од страна на ФЗОМ, очигледно не го реши проблемот.  Граѓаните се револтирани. Пензионерите велат дека на старост се принудени да шетаат од аптека до аптека.

„Страшно е, после 5-ти во месецот не можам да најдам лекови.  Или умри или снајди се, не е хумано, приватно купуваме“, рече пензионер од Скопје.

Друг граѓанин вели дека има лекови, но одвај чека да дојде 1.ви во месецот за да си набави лекови кои ги користи како хронична терапија.

„Имам лекови затоа што ги набавувам на почеток на месецот, најдоцна до 4.ти. Но, ова не е во ред, што да прават тие што ќе се разболат после тоа, во средина или при крај на месецот“, рече граѓанин кој боледува од срце и висок крвен притисок.

Во февруари, ФЗОМ ги зголеми квотите во сите аптеки поради состојбата со грипот. И покрај тоа граѓаните, а и аптекарите велат дека лекови на рецепт нема доволно.

НОВА посети повеќе аптеки од различни ланци и разговараше со фармацевти и шефови на аптеки.  Сите се наоѓаат на фрекфентни места во градот, но од разбирливи причини поради можни реперкусии од ФЗОМ, никој не сакаше да се спомнува името на нивните фирми.

„Немаме лекови со квота, завршуваат најдоцна до 10.ти во месецот. Не помогна ни тоа што ни пуштија дополнителни средства од ФЗОМ, ситуацијата е иста како и претходно“, велат за НОВА во аптека во центарот на Скопје.

Слично ни одговорија и во аптека од сосема друга фирма, која се наоѓа недалеку од претходната аптека. Станува збор за познат бренд на аптеки на кој му беа скратени квотите и истите префрлени во други аптеки, па тие постојано предупредуваат дека штетата е на сметка на пациентите

„ Ние ги враќаме пациентите кои доаѓаат да земаат лекови на рецепт. Нема лекови уште во првите денови од месецот. Не знам, како понатаму ќе функционираме. Луѓето реагираат остро кај нас, како да ние сме виновни што нема лекови на рецепт“ , велат од таму.

Во аптеките велат дека најмногу се бараат лекови за хронични болни, за луѓе кои имаат проблеми со срцето, против висок крвен притисок, масти во крвта, но голема побарувачка има и за лекови за смирување. Во време на сезона на грип и разни вируси зголемена е потребата и за антибиотици.

Во друга аптека која припаѓа на сосема друга фирма, пак велат дека вината за ваквата состојба ја носат и пациентите.

“Граѓаните создаваат залихи во домовите.  Кај хроничните болни често се случува лековите да им ги испечати  медицинската сестра, по инерција, иако некои од тие лекови веќе не ги користат.  Пред некој ден дојде жена која ни понуди  7 кутии од лек кој чини 710 денари, тоа се речиси 5000 денари. Секако дека ја вративме. Но, тоа не натера да мислиме дека и вака се трошат квотите, земала лек кој не и треба“, рече сопственичката на оваа аптека.

Во ФЗОМ велат дека редовно ја следат состојбата , но проблемот е што нашиот систем не може да го следи пациентот, а нема контрола ниту на матичните лекари.  Директорот Ден Дончев за НОВА вели дека е започнат процесот за електронско здравство. Сепак, две години од директорската смена и неговото доаѓање нема големи поместувања во однос на проблемот со лековите на рецепт.

„ Секој месец правиме анализи и ако е потребно ќе се прават корекции како што тоа го направивме во февруари кога ги зголемивме квотите“, изјави за НОВА, Дончев.

Агенцијата Макфакс спроведува анкета за тоа дали има лекови на рецепт и тоа на 17 портали. Дури 72, 6 проценти од граѓаните досега одговориле дека нема лекови на рецепт.

Проблемот со недостиг на лекови на рецепт е еден од најголемите во македонското здравство. Поради ова граѓаните и покрај тоа што плаќаат здравствено осигурување, се принудени да си ги купуваат лековите, а голем дел од нив се скапи и значително го трошат семејниот буџет.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.