Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Леонард Коен – Татко на меланхолијата и набљудувач на реалноста

0
By Нова ТВ on November 11, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

koen

„Таткото на меланхолијата“ како што го нарекуваат, пејачот, поет и текстописец Леонард Коен почина на 82-годишна возраст.

Замолкна баритонот: Почина Леонард Коен

Кога ќе се погледне негово творештво и текстовите кои ги напишал, музичките магазини го опишуваат легендарниот Коен како склон кон депресијата но и често духовит и шармантен.

Леонард Норман Коен е роден во Вестмаунт, област во Монтреал на 21.септември 1934. Неговата мајка емигрирала од Литванија во Канада, додека неговиот татко Нејтан, кој е со корени од Полска, бил сопственик на продавница за алишта.

Тој починал кога Коен имал само 9 години но на својот син му оставил средства кои во иднина ќе му овозможат да ја следи литературата како свое поле на изразување. Леонард се едуцирал во приватна еврејска школа каде што своевремено научил да свири гитара и ја формирал фолк-групата Бакскин Бојс.

„Гитарите ги импресионираат девојките“, е одговорот кој тој го дава кога го започнал своето патување во музиката.

Во 1951 година се запишува на Универзитетот во Монтреал „МекГил“ каде студира англиска книжевност, и каде во 1956 година ја објавува првата своја збирка поезија „Да ги споредиме митологиите“ (Let us compare Mythologies).

На 27 годишна возраст, по една година помината на Универзитетот Колумбија во Њујорк, ја објавува и втората збирка поезија „Зачинетата кутија на Земјата“ (The Spice Box of Earth).

Понататаму во својот живот, се сели на малиот грчки остров Хидра каде што го објавува и првиот роман „Омилената игра“ (The Favorite Game). Овде живее со Норвежанката Мариен Јенсен за која напиша и песна „Довидување Мариен“. Во 1966, непосредно по објавувањето на вториот свој роман, се сели од Хидра во САД.

Леонард и Мериен
Леонард и Мариен

Пристигнува во САД во 1967 година одлучен да прави кариера како текстописец и музичар.

Неговиот деби албум „Песните на Леонард Коен“ доживува незначителен комерцијален успех но останува во аналите како култна класика за љубителите на фолкот. Песната „Сузана“ потикната од една од неговите поеми, станува голем хит и во текот на годините е препеана од многу музички изведувачи.

Коен снима уште три други албуми во наредните седум години кои во 70-тите доживуваат светски турнеи.

На фестивалот „Уајт“ (Isle of Wight Festival) во 1970 година доживува вистинско признание кога по настапот на легендарниот Џими Хендрикс и наелектризираната публика, настапува Коен со своите мирни тонови, по што е одлично прифатен од собраната маса.

Неговиот петти албум „Смртта на човекот на дамите“ (Death of Ladies’ Man) на негово жалење, е албум кој воопшто не е популарен во јавноста, веројатно затоа што соработуваше со Фил Спектор, чии звуци не се совпаѓаа со оние на Леонард Коен.

Помеѓу крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите, музиката на Коен стагнира, за во 1985 да го издаде албумот со песната „Алелуја“, која важи за една од најомилените и најпреработените во мзуичкиот свет.

„Јас сум твојот човек“ (I’m Your Man) албумот, издаден во 1988 година го враќа помеѓу најпопуларните музичари, додека трубјут албумот „Јас сум твојот фан“ (I’m Your Fan), колеција од песни изведени од РЕМ, Д Пиксис и Џон Кејл меѓу другите, вистински го ставаат Коен на пиедесталот.

По овие успеси, Леонард Коен се посветува на Буда во Калифорнија, каде извесно време се сели за да стане будистички монах.

По неколку години стагнација, во 2006, Коен е приморан да се врати на музичките турнеи на 73 години, откако дознава дека неговата менаџерка и поранешна љубовница, Кели Линч проневерила 5 милиони долари од неговата банкарска сметка.

Кели Линч
Кели Линч

Тој го добива сускиот спор со неа но таа не успева да му ги врати парите, по што подоцна завршува во затвор.

Во 2008 година одржува огромна концертна турнеја која трае 18 месеци, вклучувајќи го и настапот на Гластонбери, за кој се зборува до денес.

Во 2012 година го издава албумот „Стари идеи“ (Old Ideas) кој е највисоко рангиран на топ листите на сите времиња. Критичарите велат овој албум е рефлексија на својата смртност.

Леонард Коен несомнено важи за еден од најпродуктивни поети и текстописци на својата генерација. Иако повеќето теми кои ги обработувал се базирани на меланхолијата, тој секогаш се чувствувал како набљудувач на реалноста.

– Сериозноста, а не депресијата е мислам карактеристична за моите дела. Сакам добро да се насмеам, но мислам дека уживањето доаѓа преку сериозноста. Сите знаеме дека не е многу забавно кога ќе ја затвориме вратата и сами сме во собата со нашето срце и емоции, ќе рече Коен во едно од своите интервјуа.

„Алелуја“ Леонард Коен музика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.