Леонарда Дибрани, 15 годишната девојка од ромско потекло одби да се врати во Франција, откако Францускиот претседател, Франсоа Оланд ја повика да се врати за да го заврши образованието. Девојка од ромско потекло која беше отстранета од училишниот автобус и депортирана на Косово со своето семејство одби да се врати без своето семејство.
-Одговорив негативно на семејството каде сакаат да одам. Не знам каде живеат и кои се тие луѓе. Ќе бидам далеку од моите пријатели и наставниците од моето училиште. Не знам каде се и затоа реков не! Сакам да бидам со моето семејство, вели Леонарда Дибрани.
Леонарда Дибрани беше протерана од Франција заедно со родителите и петте браќа и сестри, откако нејзиното семејство не успеа да добие азил во државата. Случајот предизвика масовни протести на француските средношколци во повеќе градови во државата. Владината истрага утврди и дека депортацијата била коректно изведена .