НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Летниот распуст заврши, почнува нова учебна година без антиковид протоколи и заштитни маски

0
By Sashko on September 1, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу 255.000 основци и средношколци денеска ја почнуваат учебната 2022/2023 година во која наставата, по две пандемиски години, стартува без антиковид протоколи и заштитни маски.

За учениците од прво, второ, четврто и од петто одделение се подготвени нови наставни програми за предметите, согласно Концепцијата за основно образование која од лани се спроведува етапно и, според планот, треба да биде заокружена за пет години во целото деветгодишно образование.

Учебниците, според новите наставни програми, се во различна фаза на одобрување и додека ги добијат, учениците од овие одделенија ќе учат од соодветни материјали во кои се разработени содржините од првото тримесечје. Од Министерството за образование и наука (МОН) уверуваат дека не се работи за скрипти, туку материјали кои се квалитетни и креативни и учениците ги добиваат бесплатно.

Министерот Јетон Шаќири истакна дека МОН е многу поподготвено од претходните години, зашто на првиот училишен ден ќе има материјали за учење за сите ученици – во прво, второ, четврто и петто одделение и учебници за останатите одделенија во основното и за средното образование.

Наставниците, пак, со платата за септември ќе добијат зголемување од 15 отсто договорено меѓу МОН и СОНК по организираниот штрајк пролетоска. Самостојниот синдикат за образование, наука и култура вчера ја објави потпишаната Спогодба за повисоки плати во основното и средното образование

Во Спогодбата, потпишана од лидерот на СОНК, Јаким Неделков и министерот Шаќири, стои дека најниската плата за најниската сложеност за вработените во основните училишта изнесува 16.973 денари и дека ќе почне да се применува со исплата за септември 2022.

Дијалогот со синдикатот, како што изјави Шаќири, ќе продолжи за да се дефинираат и потпишат и нови колективни договори за основно и за средно образование, како и за политики за подобрување на квалитетот на образованието.

„Околу 32.500 вработени, од кои 25.000 наставници, добиваат дополнителна мотивација за работа и лично вложување во унапредувањето на квалитетот на националниот образовен систем. Заедно со досегашните зголемувања од 21 процент, вработените во образованието добиваат историски најголема поддршка“, соопшти МОН.

По две учебни години во кои организацијата на наставата беше условена од епидемиолошката состојба со ковид-19, образовниот систем во оваа учебна година ќе биде пред предизвикот за справување со енергетската криза.

Владата ги задолжи државните институции за намалување на потрошувачката на електрична и на топлинска енергија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

ВЕСТИ August 8, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека примирјето меѓу Русија и Украина „зависи“ од…

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

August 7, 2025

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.