Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛГБТИ организациите го честитаат меѓународниот ден на видливост на лезбејките

0
By НОВА ТВ on April 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На своите профили на социјалните медиуми, Скопје Прајд пишува: „Лезбејка е убав збор“, а од лезбејско-феминистичката група ЛезФем го пишуваат следното по повод денешниот датум:

Денес го славиме Денот на лезбејската видливост!
Последиците од пандемијата не одминуваат никого, но проблемите на лезбејската заедница се продлабочуваат. Неминовно е да се спомене дека лезбејската заедница и пред пандемијата живееше во социјална изолација и се соочуваше со низа предизвици, почнувајќи од економски проблеми, преку губење на работните места, до дополнителна маргинализација. Голем дел од девојките беа приморани да се вратат во нивните хомофобични домови и да поминуваат време во незаштитена, дури и опасна средина со семејства кои не ги поддржуваат. Дополнително, оние кои се разболуваа од Ковид 19, а не комуницираат со своите семејства, добиваа помош и поддршка само од пријателите од заедницата.
Економските импликации врз заедницата значеа губење на работните места или намалување на нивните приходи, а со тоа и можноста за независен самостоен живот, домување надвор од семејниот дом, како и преселба во урбана средина. Голем дел од припадничките на заедницата се дискриминирани во своите семејни домови и во своите локални заедници. Поради недостатокот на приход, многумина се решија да се вратат во своите нуклеарни семејства, а со тоа се вратија во средините во кои секојдневието и онака им е тешко. Со затворање на студентските домови, дома се вратија и студентките. Освен изолацијата и социјалната дистанца која е неопходна за заштита од вирусот Ковид 19, и е дел од владините мерки, ЛБТ (лезбејки, бисексуалки, трансродови жени) заедницата се соочува и со двојна изолација. Оние кои не се аутирани пред семејствата, се соочија со нов предизвик да продолжат да се кријат и понатаму, бидувајќи одново изолирани. Оние кои се аутирани, се под постојан ризик од семејно насилство, независно дали се работи за психолошко или физичко насилство.
Пандемијата влијае и на менталното здравје на ЛБТ заедницата. Неизвесноста и изолацијата оставија многумина без основните системи на поддршка и без можност за активна работа на својата добросостојба. Не постојат активни мерки кои се специфично дизајнирани да ѝ помогнат на оваа заедница. Државните механизми за поддршка не се насочени кон заедницата и припадничките не можат да користат државни мерки кои ќе им помогнат токму ним во надминување на предизвиците од пандемијата.
Осаменоста дополнително го оптоварува менталното здравје. Социјални собири каде ЛБТ може да се сретнуваат, запознават и разменуваат се речиси непостоечки. Поддршката се надополнува од самата заедница, пријателите се задолжени за обезбедување на храна и основни средства за домаќинство за заразените.
Дополнително, непризнавањето на парнерските заедници кои припадничките ги формираат, значат и недостиг на здравствена заштита на име на својата партнерка, нешто што е особено значајно во време на здравствена криза.
Денес го славиме Меѓународниот ден на лезбејската видливост!
Овој ден не смее да остане само потсетување за постоењето на заедницата, туку да биде поттик за насочен активизам кон надминување на проблемите и предизвиците со кои заедницата се соочува.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.