Властите во Либерија велат дека кривично ќе го гонат првиот човекот кому му беше дијагностицирана ебола во САД, обвинувајќи го дека лаже во врска со неговиот контакт со заразена роднина, објави Би-Би-Си.
Кога заминал од земјата минатиот месец, заболениот,Томас Ерик Данкан пополнил прашалник велејќи дека ниту еден од неговите роднини не се болни. Сепак, бил виден како носи свој болен роднина на клиниката во количка.
Данкан е во сериозна состојба во болницата во Далас.
„Ние му посакуваме брзо закрепнување, го очекуваме неговото пристигнување во Либерија за да се соочи со обвинителството“, рече Биниа Кесели, претседател на бордот на директори на воздухопловните власти на Либерија.
Данкан е првиот случај на ебола што се дијагностицира на американска територија, додека уште стотина беа тестирани од можна изложеност на ебола.
Досега, повеќе од 3330 луѓе починаа во епидемијата на ебола во Западна Африка.