Либискиот премиер, Али Зидан, e ослободен само неколку часа по неговото киднапирање од страна на бунтовниците, пренесуваат светските агенции.
Поранешен припадник на либиската бунтовничка група, во четвртокот изјави дека го „уапсиле“ Зидан откако владата на Либија дозволила Американците да уапсат еден од врвните осомничени припадници на Ал Каеда, Абу Анас ал-Либи во Триполи минатиот викенд.
На социјалната мрежа Фејсбук, Либиската Револуционерна извршна канцеларија објави дека го киднапирале премиерот „по наредба на обвинителите“, додавајќи дека Зидан бил „упасен под либискиот Правилник…по инструкции на јавниот обвинител“.