Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Лице в лице“:Можноста да ти треба орган е поголема од можноста да донираш орган

0
By Нова ТВ on April 29, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Петчасовен јавен настан за подигнување на свесноста за донирањето органи како највисок чин на хуманост ќе се одржи утре (30 април) со почеток во 12 часот на плоштадот Македонија во Скопје под мотото „Знаеш ли?“ во рамките на кој ќе биде промовиран и новиот број на „Лице в лице“ кој во фокусот ја има оваа тематика.

Настанот се организира во соработка со здружението „Мактрансплант“, ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, Националниот координатор за трансплантација д-р Аспазија Софијанова, а под покровителство на „Новартис“.

Случувањето кое има едукативен предзнак, пред се ќе информира, а ќе стави акцент и на лични приказни за донирањето кои ќе бидат споделени од донатори и приматели на органи.

Централниот настан ќе се одвива од 12.00 до 13.30 часот, водител ќе биде актерот Гораст Цветковски, кој редовно го поддржува активностите на Детска клиника, а свое обраќање ќе имаат и доктори од клиниките кои се вклучени во процесот на трансплантација на органи во земјава.

Граѓаните од 12 до 17 часот ќе можат да потпишуваат картички со што симболично ќе ја поддржат кампањата за донирање органи „Дари орган, подари живот“ што здружението „Мактрансплант“ ја започна на крајот од минатата година.

Волонтери на студентската непрофитна медицинска организација ЕМСА на промотивни штандови ќе делат едукативни материјали, а продавачите на „Лице в лице“ со поддршка на спортистката Наташа Илиевска и актерите Гораст Цветковски и Бесфорт Идризи и на волонтери на Црвениот крст на Град Скопје на граѓаните ќе им го понудат новиот број на „Лице в лице“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.