Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Личностите кои ги изгубивме во 2013 година

0
By Нова ТВ on December 16, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Музичари, актери, политичари, спортисти, новинари…во 2013 починаа многу контрoверзни фигури но и херои.

Актерот Питер О’Тул, познат по својата улога во филмот од 1962 година „Лоренс од Арабија“, почина на 14 декември на 81-годишна возраст. О’Тул беше номиниран дури 8 пати за престижниот „Оскар“, но никогаш не победи. Сепак, во 2003 година, Академијата за филмски уметности и науки му додели почесен Оскар.

Актерката Еленор Паркер, номинирана за Оскар три пати во нејзината кариера (1950, 1951, 1955), почина на 9 декември на 91-годишна возраст.

Најголемиот борец за човекови права, и првиот црн претседател на Јужна Африка, кој го победи апартхејдот, го заврши „долгиот пат“ на 5 декември. Мандела имаше 95 години.

Пол Вокер, ѕвездата од франшизата „Брзи и Бесни“, почина на 30 ноември во сообраќајна несреќа. Вокер почина на 40-годишна возраст а важеше за еден од омилените актери на младата популација.

Нобеловката Дорис Лесинг почина во нејзиниот дом во Лондон на 17 ноември. Британската авторка е најпозната по нејзината „Златниот нотес“, кој според многу од критичарите, претставува една од најважните феминистички новели некогаш напишана.

Лу Рид, кој е еден од највлијателните музичари, текстописец, вокален солист, и гитарист на „Велвет Андерграунд“ почина на 27 октомври на 71-годишна возраст.

Бил Шерман, кошаркарот од „Куќата на славните“ кој освои четири шампионски титули во НБА како играч, една како тренер, и 5 „од канцеларија“, почина на 25 октомври во јужна Калифорнија на 87 години.

Републиканецот Бил Јанг од Флорида, кој важи за Републиканец со најдолг стаж во Претставничкиот дом на САД, почина на 18 октомври на 82 години.

Фоторепортерот Бил Еприџ, првиот човек кој го фотографираше сенаторот Роберт Ф. Кенеди само неколку моменти откако беше застрелан во Лос Анџелес во 1968 година, почина на 3 октомври.

Британскиот ТВ-водител Дејвид Фрост, најпознат по серијата интервјуа со американскиот претседател Ричард Никсон во 1977 година, почина на 74-годишна возраст на 31 август.

Актерот Џејмс Гандолфини почина на 51 година од срцев удар. Гандолфини стана еден од најпознатите актери во филмската индустрија преку неговата улога во серијата „Сопранови“.

Реј Манзарек, клавијатурист и еден од основачите на „Дорс“ почина од рак на 20 мај на 74-годишна возраст.

Поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, една од најголемите фигури во поствоена Британија и светската политика, и единствената жена-премиер на Британија, почина на 87 години на 8 април.

Хуго Чавез, претседателот на Венецуела кој се прогласи себе си како „социјалист на 21 век“ и непријател на САД, почина на 5 март.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.