Активистите на „Народната Република Доњецк“ имаат во план да ги заземат градовите Славјанск, Краматорск и Мариопол. Премиерот на ДНР Александар Захарченко најави дека наскоро ќе следи период на интензивни борби, пренесува Танјуг.
– Повторно ќе ги заземеме Славјанск, Краматоск и Мариопол. За жал невозможно беше мирно решавање на спорот, изјавил Захарченко.
При почетокот на минатата недела, тој истакна дека гранатирањето на Доњецк само го загрозува преговарачкиот процес помеѓу Киев и Доњецк.
Властите во ДНР повеќе пати потенцираа дека тие никогаш нема да бидат дел од Украина а веќе се спремаат и пасоши на Доњецката Народна Република.
Во судирите на источниот дел на Украина досега загинаа околу 3.700 луѓе а повече од 9.000 се повредени.