Дваесет и деветгодишниот Милош Савиќ од Ниш, бил убиен вчера околу 22.30 часот во Великотрнавска улица, кога непознато лице испукало повеќе рафали од огнено оружје во него.
Веднаш по убиството, експлодирало и возилото “Ауди А6” на Савиќ, кое било паркирано на Булеварот во близина, што укажува на пресметка меѓу две криминални групи.
Убиениот наводно е член на Нишките криминални банди и досега преживеал најмалку три обиди за атентат.