Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лилјана Георгиевска: Проблемот со стечајците ќе стане „Украина 2“

0
By Влатко Чаловски on December 11, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Стечајците кои протестираат пред Собранието се обидоа да го пробијат полицискиот кордон кој го обезбедува Законодавниот дом.

Додека трае дебатата за Законот за материјално обезбедување на невработени лица со кои би требало да се реши долгогодишниот проблем на околу 6.000 стечајци, надвор протестираат над 100-тина стечајци кои бараат да биде донесен овој закон кој нив ќе им обезбеди основни егзистенцијални услови.

Тие носат пароли „Спасете ги стечајните работници“, „Нож до коска“, а четворица од нив сеуште се во Собранието. Велат останавме без пари, неможеме да одиме на лекар, да си ги платиме комуналиите.

Околу Законодавниот дом распоредено е силно полициско обезбедување.

„Ова е чист геноцид, ова го нема во ниту една држава. Ние сме најмалку виновни, сите што се во Парламентот водат грижа за своите бизниси, а највиновен е Живко Митревски, синдикалниот лидер“ изјави за НОВА, Лилјана Георгиевска.

Таа најави дека ќе протестираат пред домовите на сите пратеници додека не биде решено нивното прашање, и потенцираа дека доколку продолжи вака, овој проблем ќе стане „Украина 2“.

Стечајците најавуваат дека ќе останат пред Собрание и дека повторно ќе постават шатори ако законот не биде донесен.

Тие се жалат дека националната телевизија МРТВ која досега не објавила ништо за нивните протести, бара тие да плаќаат претплата.

Во Собранието по иницијатива на СДСМ се расправа за законот за материјално обезбедување на невработени лица со кои би требало да се реши долгогодишниот проблем на околу 6.000 стечајци. Еве акценти од дебатата Диневски VS Павлова.

Власта не даде поддршка на комисиската расправа, а опозицијата предлага законски акт кој предвидува тие да добиваат месечен паричен надомест од 6000 денари до пензионирање.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.