За најмалку 500 луѓе се стравува дека починале по одрон на земја кој затрупал неколку села во северен Авганистан.
Причина за лизгањето на земјиштето биле поројните дождови.
Како што пренесува Ал Џезира, глетката е непријатна бидејќи најмалку 250 куќи се затрупани под 60 метри руини, а спасувачките екипи не можат да стигнат до затрупаните.
Претседателот на земјата, Хамид Карзаи соопшти дека е во длабоко жалење од ситуацијата и побара секаков вид на помош.
Во меѓувреме, спасувачките тимови иако работат на терен, немаат доволно опрема на располагање за спасувачката мисија.
Ангажирана е и армијата во спасувачките напори. Локалните власти пак ги евакуираа соседните села поради стравувања од нови одрони.
Областа и во минатото била погодена од слични ситуации. Најсмртоносното случување од ваков тип последен пат било во февруари 2010, кога повеќе од 170 луѓе ги загубија животите.