Aмериканските власти известуваат дека имаат сознанија за 108 исчезнати лица или се водат за исчезнати, по огромното лизгање на земјиштето во саботата, во северо-западната американска држава Вашингтон.
Осум тела биле пронајдени досега откако 54 метри длабок ѕид од кал дојде во близина на градот Осо, околу 90 километри северно од Сиетл.
Екипите работеа деноноќно, со користење на хеликоптери во опасни услови кои уништија 30 домови.
Неколку луѓе, вклучувајќи едно дете, се сериозно повредени.
Еден очевидец изјавил за Daily Herald дека возел на патот во близина на Осо и морал брзо да сопре за да го избегне лизгањето на земјиштето.
“Само видов дека темнина доаѓа преку патот. Сè снема во три секунди”, изјави Паоло Фалкао за весникот.
Робин Јангблад, друг сведок, изјави за Сиетл Тајмс: “Одеднаш имаше ѕид од кал. Потоа следеше удар и ние се стркалавме.”