Македонија ќе ја повлече одлуката за ограничен увоз на пченица и брашно. Српскиот министер за трговија Расим Љајиќ денеска беше во посета на Македонија за да разговара со македонската влада за овој проблем. Неговата посета македонската страна ја држеше во тајност јавува 24 вести.
Според Љајиќ македонската влада ветила дека ќе ја повлече мерката и затоа нема потреба од мерки на реципроцитет со кои Србија најави дека ќе го забрани увозот на домати и вина од нашата земја.
-Ако одлуката биде сменета, а нема зошто да не биде сменета, Србија нема потреба да воведе мерки на реципроцитет изјави Љајиќ за 24 вести.
Во изминатите два дена ситуцијата со нашиот северен сосед беше доста тензична бидејќи српските медиуми јавуваа дека српската влада официјално ќе го забрани увозот на овие македонски производи.