Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Љубица Нури: Мерката нe е трговска, туку политичка

0
By Нова ТВ on September 10, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателите на Стопанската комора на Македонија и на Сојузот на стопанските комори до крајот на денов можеби ќе излезат со заедничка реакција во врска со трговската војна што ни ја наметна Република Косово, најави Љубица Нури од Стопанската комора.

– Мерката нe е трговска, туку политичка. Трговските мерки се носат во рамките на некои правила, а оваа мерка е вон сите правила. Очигледно е дека не се работи за мерка која е во рамките на ЦЕФТА, туку е билатерална од страна на Република Косово кон Република Македонија, за разлика од нашата мерка која беше во рамките на Договорот за ЦЕФТА. Мерката не е пријавена ни во ЦЕФТА Секретаријатот во Брисел со што се потврдува дека се третира како билатерална од Косово кон Македонија, изјави Нури, пренесува МИА.

Таа посочи дека ЦЕФТА Секретаријатот не може да реагира доколку мерката не е пријавена кај нив и излегува од рамките на Договорот и прецизира дека Договорот за ЦЕФТА е потпишан од страна на УНМИК, а не од Република Косово.

– Затоа Република Косово на некој начин си игра, така што кога е потребно мерката да биде покриена со ЦЕФТА се повика на Догoворот, а кога е вон секој контекст на ЦЕФТА викаат дека е донесена од страна на Република Косово. Без разлика што во размената меѓу двете земји доминира македонскиот извоз сметам дека и косовските бизнисмени ќе изгубат со ад хок донесената мерка, потенцира Нури.

Според неа, станува збор за мерки кои не се консултирани со стопанството и се донесени на ниво на владите. Во моментов, потeнцира, многу е тешко да се прецизира колкава штета предизвикува мерката, бидејќи таа практично стапи на сила од вчера, а за подетални информации неопходно е да се направат согледувања и анкета.

– Трговските војни не водат кон решенија што значат подем и развој… Сигурно е дека доаѓа до прераспределба на трговските сили на Косово и во регионот. Формирањето на пазар со нови играчи во Косово е нормално, бидејќи Хрватска со влегувањето во ЕУ излезе од ЦЕФТА, а Косово нема договор за слободна трговија со Унијата. Од друга страна, таков договор Косово има со Турција и на косовскиот пазар се присутни многу турски бизнисмени, рече Нури.

До Стопанската комора на Македонија досега стигнале рекации од Витаминка, Европа и други македонски компании на мерката воведена од Косово, а Комората, како што нагласи Нури, е во постојан контакт со Стопанската комора на Косово за изнаоѓање решение за проблемот.

Минатата година вкупната трговска размена на Македонија со Косово изнесуваше 421 милион долари, од кои 392 милиони беа извоз, а 29 милиони увоз. Во првите осум месеци од годинава размената е 145 милиони долари, од кои 132 милиони извоз, а 14 милиони увоз.

Во Косово најмногу извезуваме цемент, лекови, нафтените деривати, производи од челик и железо, цигари, пекарски производи, пијалаци, зеленчук и овошје, а најмногу увезуваме остатоци од челик, пластични плочи, битумен и асфалт и заварувачки цевки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025

Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци

October 19, 2025

Трамп: Американската војска уништи подморница која со голема количина наркотици пловела кон САД

October 19, 2025

Британска армија: Брод се запали во Аденскиот Залив кај Јемен откако беше погоден од проектил

October 18, 2025

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025
ФОКУС

Ватикан: Папата канонизираше седум нови светци

ВЕСТИ October 19, 2025

Ѕвоната денес биеја на плоштадот „Свети Петар“ додека папата Лав XIV канонизираше седум нови светци…

Ен-би-си Њуз: Организаторите на демонстрациите против Трамп – протестираа 7 милиони луѓе на 2.700 собири

October 19, 2025

Брисел: Наместо одобрените 70 Македонија од ЕУ ќе добие само 16 милиони евра – не сме ги завршиле „домашните задачи“

October 18, 2025

Локални избори 2025: Изборен молк – гласаат затворениците, болните и немоќните, лицата во старските домови …

October 18, 2025
ТИКЕР

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025

Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци

October 19, 2025

Трамп: Американската војска уништи подморница која со голема количина наркотици пловела кон САД

October 19, 2025

Британска армија: Брод се запали во Аденскиот Залив кај Јемен откако беше погоден од проектил

October 18, 2025

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.