Њујорк пост објавува детали од двојниот живот на претседателот на Русија, Владимир Путин. Тој наводно има две малолетни деца со поранешната олимписка шампионка во гимнастика.
Според тврдењата на весникот, 30-годишната Алина Кабаева, покрај синот, со Путин има и ќерка, која сè уште е бебе.
Кабаева е пратеничка во руската Дума од партијата на Путин „Единствена Русија“. Таа ќерката ја родила минатата година во ноември.
Путин ја сместил Алина со децата во претседателската резиденција во Сочи, а неговата венчана сопруга, Људмила со која има две ќерки, е под клуч во 1,5 милион вредниот државен пансион изграден на посед на манастирот Јелизаров.