Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лојд Остин од денеска во Бугарија -дали Софија ќе и го отстапи системот за противвоздушна одбрана на Украина ?!

0
By Mirjana on March 18, 2022 РЕГИОН, СВЕТ
Фото: hurriyetdailynews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот човек на американската одбрана Лојд Остин денеска пристигна во дводневна работна посета на Бугарија. Според агендата за престојот која ја објави бугарското министерство за одбрана, Остин ќе се сретне со својот домаќин, министерот за одбрана Драгомир Заков а утре и со премиерот Кирил Петков. Остин и Заков ќе учествуваат и на заедничката вежбовна обука која ја изведуваат американските и бугарските војници на полигонот во Ново Село а кои ќе траат 6 месеци. Она што, на прва го подгрева интересот за оваа посета и поттикнува многу непознаници е зошто во агендата на Остин го нема бугарскиот претседател Румен Радев?!

Тој одговарајќи на оваа дилема при посетата на Стара Загора, изјави: „Да не заборавиме дека ова е министерот за одбрана, а не претседателот. Се решаваат оперативни прашања кои се целосно во надлежност на извршната власт, појасни Радев. Тој важи за човек кој не дозволува Бугарија да им дава оружје на Украинците.

„Мораме да бидеме солидарни со украинскиот народ. Секој кој зема оружје и на тој начин ја вовлекува Бугарија во војна, мора да може да се соочи со јавноста и да го објасни ризикот, бидејќи цената секогаш ја плаќаат граѓаните, а не политичарите. Нашата главна задача е да ги спречиме бугарските граѓани, нашите стратешки локации – како што е нашата нуклеарна централа да останат без соодветна воздушна одбрана. Можете да видите дека беспилотни летала со полнења паѓаат на територијата на соседните земји. Не смееме да дозволиме тоа да се случи кај нас, истакна Радев..

Посетата на првиот човек на Пентагон на Бугарија кога дипломатските напори за прекин на огнот во Украина не вродуваат со плод а се повеќе ослабува и поддршката за испорака на оружје на Украина, се случува во критичен момент кога се се погласни анализите на познавачите на тактиките на војување, дека Путин ќе посегне и по нуклеарно оружје.

Во интервју за бугарското национално радио пред посетата, на високиот американски гостин, Заков ја оцени како исклучително значајна и дека ќе се разговара за формите за воена помош за Украина како дел од сојузништвото во НАТО и Европската унија, изјави тој.

На посетата на Лојд Остин на Бугарија и претходеа посетите на Брисел и на Словачка. Би-Би-Си коментира дека американскиот секретар за одбрана Лојд Остин е на турнеја низ Европа, особено Бугарија и Словачка, за да разговара со сојузниците дали знаат  да ракуваат со противракетните системи инсталирани на нивни територии.  

„САД разговараат со сојузниците кои имаат системи за противвоздушна одбрана со кои Украинците знаат како да работат – и можеме да очекуваме дека ќе се разговара за системите за противвоздушна одбрана за време на патувањето на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во Словачка и Бугарија“, информираа уште медиумите. Словачка и Бугарија имаат противвоздушни системи С-300 од советско производство со кои може да се справи украинската армија. Словачка веќе се согласи да го отстапи таквиот систем, под услов веднаш да и биде заменет со друг.

Бугарската влада премолчено, не се согласува со барањата на Украина за воена помош. Причината е што коалицискиот партнер БСП е стриктно против. Нејасна е и позицијата на претседателот Радев да и помогне на Украина со оружје кога инсистира бугарското небо да го чуваат авионите на НАТО зашто бугарските „ловци“ се во мал број и во лоша техничка состојба.

(М.Т.)

 

Остин во Бугарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.