„ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори. Со 50% подобар резултат од 2021 година каде што имавме 22 градоначалници во прв круг, сега во прв круг доби градоначалници во 33“, велат од партијата.Додаваат дека на изборите добиле околу 325.000 гласови за градоначалници, а на советничките листи приближно 302.000 гласови.
ВМРО-ДПМНЕ победи во следните 33 општини: 1.Берово, 2.Битола, 3.Босилово, 4.Бутел, 5.Василево, 6.Вевчани, 7. Велес, 8.Гази Баба, 9.Гевгелија, 10.Ѓорче Петров, 11.Градско, 12.Делчево, 13.Демир Хисар, 14.Зелениково, 15.Илинден, 16.Јегуновце, 17.Кавадарци, 18.Карбинци, 19.Кисела Вода, 20.Кратово, 21.Новаци. 22.Ново Село, 23.Охрид, 24.Петровец, 25.Пехчево, 26.Прилеп, 27.Радовиш, 28.Ресен, 29.Свети Николе, 30.Сопиште, 31.Старо Нагоричане, 32.Струмица и 33.Штип.
Од партијата велат дека имаат водство во Валандово, Дојран, Конче, Демир Капија, Неготино, Виница, Зрновци, Македонска Каменица, Кочани, Чешиново-Облешево, Пробиштип, Ранковце, Карпош, Аеродром, Брвеница, Македонски Брод, Кичево, Дебрца, Могила и градот Скопје, каде што Орце Ѓорѓиевски, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, води околу 3:1 во однос на второпласираниот кандидат.
Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека освоиле 550 советнички места во општинските совети, а од друга страна СДС има 230 советнички места, или 2,5 пати помалку.

