На полноќ започнува кампањата за локалните избори, која трае 20 дена.Локалните избори се спроведуваат во 80 општини и во Градот Скопје. Во избирачкиот список за гласање на локалните избори се запишани вкупно 1.743.403 избирачи. На 23 март се прогласува изборен молк и следниот дел следува изборниот процес.
По постигнувањето на политичкиот договор помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со посредство на ЕУ, е ставен крај на бојкотот од опозицијата, со што Собранието го продолжи рокот за доставување кандидатски листи за советници и градоначалници- до 8 март на полноќ.
Кандидатурите одат пред задолжителна контрола на Лустрациската комисија, со цел да биде направена проверка дали кандидатите за градоначалнициили советници биле соработници н тајните служби.