Лондонската полиција пронашла тела на три деца во јужниот дел на градот, по што под сомнение за убиство е уапсена една 43-годишна жена.
Како што пренесува „Дејли Мејл“ полицијата не трага по никој друг, ги изнесува доказите од куќата вредна 1,2 милиони фунти.
Полицијата не соопштува на која возраст се децата, а според соседите станува збор за малолетни деца на брачен пар од Јужна Африка, кои се доселиле пред шест до девет месеци.
Полицијата синоќа околу 21:30 добила повик на адреса во јужниот кварт Њу Малден каде биле пронајдени трите мртви деца.