НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лошо е кога политиката се претвора во политикантство

0
By Нова ТВ on December 4, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Никој денес, а најмалку писателот, не може да живее надвор од политиката. Секој човек, посебно творецот, всушност е активно ангажиран на политички план. И тоа не е лошо. Лошо е кога политиката се претвора во политикантство“. Овие зборови што и денес одекнуваат со својата актуелност, Ацо Шопов ги има изречено пред полни 40 години.
 
Во рамките на одбележувањето на 90 годишнината од раѓањето на македонскиот класик, НОВА ТВ објавува инсерти од негови разговори со Ристо Лазаров, како и видео записи на Ристо Лазаров посветени на Ацо Шопов.
 
Aцо Шопов: цитати од разговори со Ристо Лазаров (1972 и 1975 год.):
 
Поезијата бара комплетни личности. Тоа значи: без етика − нема творештво (…) Секое влебување, секој конформизам е смрт за творештвото.
 
Никој денес, а најмалку писателот, не може да живее надвор од политиката. Секој човек, посебно творецот, всушност е активно ангажиран на политички план. И тоа не е лошо. Лошо е кога политиката се претвора во политикантство. А кај нас, и покрај мојата речиси двегодишна отсутност (белешка од редакцијата: во моментот кога го дава ова интервју, Ацо Шопов е во дипломатска мисија во Сенегал) забележувам сè повеќе луѓе − политиканти. Тоа беше случај и порано, но имам впечаток дека сега оваа појава добива драстични размери.
 
Писателот за кого велат дека е совест за нацијата, мора да биде политички ангажиран. Но, тоа не значи дека литературата треба да им сужи на дневните политички потреби, да биде слугинка на политиката. Литературата мора да остане автономна. Според мене, трагично би било кога литерати би ја воделе политиката, односно кога политичарите би ја воделе литературата.
 
Ми се чини дека најзначајното обележје на овој (поетски) миг е ослободувањете на литературата од регионалните рамки во кои беше затвореан, посмелото зачекорување кон светските врвици, кон универзалното. Таа опсесија како да е присутна кај сите. Се разбира, тие наши летови кон универзалното не значат откинување, туку поголема потврда на поднебјето во кое е родена таа литература.
 
***
Ристо Лазаров: Епистоларни сеќавања
Реч изговорена во Националната и универзитетска библиотека Свети Климент Охридски, во Скопје, на 21 март 2006, Ден на поезијата, во рамките на одбележувањето на Годината Сенгор во Македонија.
 
 
***
Ристо Лазаров: Сеќавање на Ацо Шопов
Инсерт од филмот на Виолета Џолева “Овенчан со вечноста”, Македонска телевизија, 2003.
 
 
Веќе дваесет години одбивам јавно да изнесувам спомени за Ацо Шопов. При секоја таква покана, ми светнува пред очи како црвена ламба реченицата на Достоевски од Идиот дека “има цела една група книжевници на кои мошне им се сака, низ печатот себеси да се вбројуваат меѓу личните пријатели на големи, но умрени писатели”.

Овие две секвенци, што сега ги соопштувам, скромно сведочат за безграничната верба на Шопов во поезијата и за тоа дека во неговиот вредносен систем поезијата и поетот секогаш беа на челно место. Шопов исцело и без остаток и’ припаѓаше на поезијата и во неа веруваше најмногу.

Значи, беше рана есен бурната шеесет и осма. Речиси долетав во ресторанот на штипскиот Работнички универзитет што некој во тоа време го беше крстил Џакарта. Мене, палавиот штипски гимназијалец, ме беше поканил лично Тој, Ацо Шопов, еден час пред почетокот на неговото литературно читање. Муабетот почна со Есенин, Рембо и Превер и држ-недај стаса до моето попуштање во учењето и до моите “бумбари во главата” дека на поетите (демек: и на пилиштарите меѓу нив!) им е дозволено сè, дека е важно да се пишуваат песни, а дека училиштето е второстепена, ако не и третостепена задача и обврска. Татковски ми ги разбркуваше заблудите од глава, за на крајот меко да побара: “Ајде сега, дај чесен поетски збор дека сериозно ќе ги прифатиш обврските во училиштето”. Тогаш кога партискиот збор, на пример, беше сè и сја, Шопов бараше да му се даде чесен поетски збор. Кој во што верува најмногу, во тоа и се заколнува и бара да се заколнуваат другите.

На 20 октомври 1981 бев на службен пат, во придружба на колеги од странство, во Охрид и Струга. Попладнето отидов во Костозглобната болница, каде што лежеше Ацо. Одвај стасав до него, речиси со ѓурултија, бидејќи лекарите не го допуштаа тоа. И кога веќе сосема му се приближував на Ацо, еден од докторите ме разуверуваше да се вратам назад. Болеста му беше поодминала, така што Шопов одвај, со голема мака, можеше да  каже некој збор. Собра сили и на докторот кој иташе зад мене му рече: По-ет. Баш тоа го избра за знак за распознавање, тоа што најмногу му значеше и во што најмногу веруваше цел живот − поезијата. Во поезијата Ацо Шопов не веруваше − само во песните.
 
***
Ристо Лазаров: “Градината на поетот”, песна посветена на Ацо Шопов, (Грозен кикот, 1982):
 
Распукнала земјата, црвена ружа овенува
Распукнала земјата, црвена ружа овенува
И каменот пее додолска балада
Сонцето застанало, ништо не се менува
Бистриот поглед од болка згрчен блада
Бистриот поглед од болка згрчен блада
 
Распукнала земјата, црвена ружа овенува
 
Тревата плаче, градинарот е болен
Тревата плаче, градинарот е болен
В постела прикована вечната грмотија
Како ридот во родниот крај, пуст, соголен
Осуден си на подмолна прокоба и самотија
Осуден си на подмолна прокоба и самотија
 
Тревата плаче, градинарот е болен
 
Лилјаци во сонот ти скитаат
Лилјаци во сонот ти скитаат
Прометејски се ракуваш со иднината
Сури орли во песната ти итаат
Го носат барјакот на небиднината
Го носат барјакот на небиднината
 
Лилјаци во сонот ти скитаат
 
За чудотворецот чудотвор ли ќе нема
За чудотворецот чудотвор ли ќе нема
Сите сме на број а ти си сам
Црна гемија од пред нос струната ти ја зема
Шепоти во далечината злокобен там-там
Шепоти во далечината злокобен там-там
 
За чудотворецот чудотвор ли ќе нема
 
Надвиснува мраморна ноќ без ѕвезди
Надвиснува мраморна ноќ без ѕвезди
Во градината од умор скапнува стеблото
Од Штип до Жоал песната ти езди
Коренот ти се извишува до небото
Коренот ти се извишува до небото
 
Надвиснува мраморна ноќ без ѕвезди

Подготви за НОВА: Јасмина Шопова, ќерка на Ацо Шопов

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.