Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / А уста орвори, а излажа

0
By Zoran Ivanov on February 8, 2026 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 8, 2026 20:41

Зоран Иванов

Оваа народна флоскула од насловот може да важи за секого ама и не баш.

Таа најблиску отсликува лица, не личности туку лица, посебно особи од политиката.

Посебно предизборно но еве и постизборно во случајов посебно од, на пример, лидерските ликови од владта актуелна.

Дечкиве од ВЛЕН, на пример, на двапати предизборно си ги мамат гласачите за ЕУ и на двапати постизборно не мрдаат од скутот привилегии во кој ги лулка власта на ДПМНЕ.

А уста отворат, а излажат.

Еве и со последниве случувања со кадровските нивелирања во владеачката ВМРО-ДПМНЕ.

Ги тргнал потпретседателите за да направел простор за еднаков старт на наредните избори за нов партиски лидер, позиција од која по истекот на мандатот, ќе се повлечел.

Ова е време на тоталитарни амбиции на ментално амбициозни тоталитарци.

Примерите со блиските Обан и Вучиќ па и со подалечните Путин и Лукашенко кои, за да останат или додека умот и снагата ги крепи, да  не го напуштат партискиот, со тоа и државниот трон, променија и статути партиски и устави државни.

Впрочем, докажано, политиката, посебно власта, е опиум појак и од актуелнава марихуана па, оттука, наспроти низата медиумски убедувања дека рестриктивните статутарни промени во ДПМНЕ се случиле поради желбата на Христијан Мицкоски на своите најблиски соработници да им обезбедел еднаков старт во трката за нов лидер, позиција за која немал намера повторно да аплицира, таквата искреност е со арома на сомнеж.

Ова не само поради опиумот политика, туку и поради неговите тоталитарни манири со кои практично ги допре и доскорешните потпретседтели на ВМРО-ДПМНЕ и во еден потег им ги ликвидираше, ајде поблаго, им ги релативизираше, им ги разводни нивните лидерски амбиции.

А, всушност, мошне е можно и засега е само веројатно дека и покрај неговите изјави дека на крајот од својот втор партиски мандат ќе ја заклучел својата политичка кариера, нешто, сепак, како да не се вклопува.

Прво, затоа што е политичар со манифестирано нагласени лидерски амбиции и, второ, поради флоскулата од почетокот на постот и не само поради Преспанскиот или бугарскиот и сличните ветувачки предизборни дребулии.

Оттука, наспроти неговите тврдења дека измените во базичниот партискиот документ ги направил за да отворел пат за еднаков старт на блиските соработници до неговата сегашна позиција, би било избрзано и да се верува на неговите изјави дека ќе ставел крај на својата политичка кариера.

Ова, се разбира, освен доколку отсега не ја мерка позицијата прв човек на државата, време кое практично се поклопува со неговите сегашни најави за повлекување од лидерската партиска позиција.

Засега само претпоставака па сепак, тргнуваќи од неговите манири на владеење, постапки со нагласена доза тоталитарност, склон сум да верувам дека во неговиот преостанат лидерски мандат од три години, Христијан Мицкоски ненаметливо, тивко, упорно и под жито, ќе работи на уште по некоја статутарна промена за да си го отвори патот за трајно приватизирање на партискиот трон.

Се разбира, преку веќе проверениот рецепт за враќање на тоталитаризмот прво со интерно внатрешно партиско лобирање, па натаму преку бран јавна поддршка од широкото партиско членство, па со едногласно изјаснување на партиските органи за, слики на веќе видени тоталитарни лидерски амбиции во Европа па и овде на Балканот, акламативно да кулминира на редовен или, за да биде уште поуверливо и уште подраматично, на вонреден конгрес на партијата.

Во таа насока индицираат и сегашните кампањи и полициски активности за катадневно стигматизирање на опозицијата, доминацијата во медиумите кои во мнозинство за сметка на сестраното објективно информирање и објективно коментиранње се претворени во центар за партиски пропаганди и за беспримерни напади, клевети и оцрнувања на јавни личности кои не се вклопуваат во актуелното едноумие на власта, проекти успешно реализирани во горните примери каде што од релативно демократизирани, амбициите на тамошните властодршци, преку доминација во државните инструменти за ред ама и за репресија, своите општества повторно ги вратија на позиции на лидерско едноумие.

Секако, на Христијан ова ќе му е остварливо само доколку и во наредниот изборен циклус ожнее изборни граѓански гласови како во последните парламентарни и локални.

И, нормално, доколку не се случат, по нему и неговата партија, непредвидени општествени дисторзии предизвикани главно од внатрешно сицијални синдикални и граѓански потреси што, какви се актуелниве околности, не е неможно.

Еве, нека сево се само најсубјективни претпоставки.

Но, како за се` и за ова судот ќе е времето, а не се сеќавам дали некогаш тоа ја изневерило мојата новинарска интуиција.

Завршувам со содржината регистрирана во насловот на овој текст за да потсетам дека не верувам во демократските намери поради кои актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, партиски и политички, си ги ничкоса своите амбициозни партиски потпретседатели.

 

Зоран Иванов коплумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.