Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Ако некој некогаш праша – нас нѐ има таму

0
By Zoran Ivanov on June 10, 2025 ИЗБОР, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Иванов

 Министерството за спорт објави дека ќе додели специјални признанија на врвните македонски спортиси ветерани.

Честитам, почитувам, поздравувам, поддржувам!

И не прашувам, зашто нема кого, но кажувам и се надевам дека соптственикот на просторов нема да ми забележи за оваа ептен субјективна узурпација.

Па еве:

Ние, од времето на таа Југославија, ние кои на таа тогашна заедничка држава како Македонци во која, да се биде во нејзината репрезентација, и да се биде репрезентативец во таа и таква југословенска конкуренција цела една декада, и да се биде репрезентативец од Македонија и да се биде и да се остане и Македонец во неа, и во една таква репрезентација и во една таква конкуренција да се биде репрезентативец во една меѓународно спортски ептен конкурентна држава, во државата на која ѝ носевме спортски резултати и спортски одличја, и ѝ освојувавме медали, но конкретно, ѝ носевме и на Македонија и спортски успеси и југословенски и меѓународни медали, ѝ носевме бележити постигнувања од престижни меѓународни и југословенки натпревари, дали и само поради тоа тогашно време, еве и сега и пак не’ ставаат на чекање.

Но добро, навикнавме. И, да си знаете и вие сегашните како и сите претходни дека постхумно, порачуваме, не важи.

За „корекции” веќе ви е предоцна.

Не би ви важеле. Не би ви важеле ама ич.

И не обидувајтесе да нѐ врбувате за да не ве обрукаме.

Не прифаќаме изнудени признанија.

Генерација сме таква, инаетлива.

Ништо на сила не можете да ни дадете. Резултатите не можете да ни ги земете. Ниту пак, од времето македонско да ги отргнете.

Тука, за ова, сме фит – фит.

И пак, капа долу за македонските спортски ветерани од времево на самостојна Македонија.

Тие треба и мора да си ги добијат признанијата на автономната држава.

Нив, ова време македонско, заслужено ексклузивно ги вгради во аналите на македонски спорт.

А за нас, за ние ветераните спортски претходни, …

Ех. Па со нас и зад нас е меморијата.

Нешто е и во архивите овдешни, југословенски и странски.

Но сето наше спортско е во времето. Тоа, времето, нема никогаш да го избрише паметењето за случувања во кои сме.

Исто е и со резултатите што ѝ ги даривме на Татковината.

Па, па ако некој некогаш праша – нас нѐ има таму.

 

Зоран Иванов колумна спорт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.