Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Гледајтене в очи и кога кажувате содржини во кои и самите не верувате

0
By Zoran Ivanov on March 22, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Иванов

Тошковски да си го смени пишувачот на неговите говори за пресовите или да повежба повеќе реторика за да си ја смени својата скрипторика.

На катадневните прес конференциите чита како дете од трето одделение на школска приредба што упатува дека или тешко му оди сопственото пишување или ич не му лежи стилот на напишаното од пишувачот на напишаното.

Колку и да се труди, адвокатите сепак не се глумци. Ако не школа, тогаш за глума бар дарба му треба.

А ја нема.

Ја нема за глума ама ја има за глуматање партиско патриотска страсти.

За возење на јавноста да и го сврти вниманието од сопствената морална одговорност. Од одговорноста на сопартијците, исто.

Го препознаваат тоа тв гледачите.

Министерот на полицијата се репризира од прес на прес. Досадува со неинвентивноста, со грдите обиди за замајувања, за дефокусурања, за ишкање на мувата.

А несреќа му се случи и нему. Во мандатот и во ресорот му се случи ужасот на кичевската дискотека.

Негови актуелни, негови дневно активни одговорни државни службеници, негови полициски кадри, раководители назначени со негов потпис. И беа тие тоа, беа и активни и одговорни и на денот и на чинот на трагичниот кочански настан.

Оттука, неминовно ќе се покаже тоа и во претстојните правни постапки, дека некои од сега атрактивните приведувања и апсења, не само на оние директно одговорни за ужасната трагедија, туку и на оние за ланскиот снег,  му биле само магловит обид да го истресе правот од себе и од својата партијата.

Чудни се јавните настапи.

Сложени и опасни.

Читливи и проѕирни.

Не ви верува јавноста кога не ја гледате в очи. Кога носот ви е во кабинетските листови.

Не ви верува.

Не ви верува кога ѕурите во текстот и кога петелчите читајќи го напишаното. Кога мачно се справувате со прес четиво во кое ниту има сложени бројки статистични, ниту децимали со многу градации, ниту некакви формули и сложени алгоритми.

Не верува јавноста на навежбани патетики. Баталете ги листовите и гледајте во камерите.

Поледнете не` в очи и кога кажувате содржини во кои и самите не си верувате.

Бар е тоа по фер.

 

 

 

 

 

 

верува Зоран Иванов јавност не верува прес Тошковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.