Зоран Иванов
Скопјани ја загубија битка со „скопјаните“.
На Скопје му се случува нов бран рурализација.
Му се случува примитивна компензација за неговата трауматична антиквизација.
И тоа е, и толку е од урбаното Скопје.
Во градот, тука и таму, ќе живурка уште по некое носталгично маалско ќоше.
И уште по некој скопски ментален урбан џеб.
Но Скопје е Скопје и скопјани се скопјани па, како и секогаш во неговото минато, и сега и натаму, Скопје ќе го крепи традиционалниот нескротлив дух на скопјани.
И ќе го воздигнува неисцрпниот генерациски скопски младешки ентузијазми.
На Скопје ништо не му за е прв пат и, кога тогаш, Скопје ќе се крене и ќе се крева зашто Скопје е Скопје.
И затоа што Скопје е на скопјани.
И затоа што Скопје се сака!!

