Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Историјата влече многу опашки од такви популизми – некои од нив и многу трагични

0
By Zoran Ivanov on February 23, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Иванов

Ќе помине Трампизмот.

Кога тогаш, како и се’, ќе помине.

Ќе останат лузните.

Ќе остане горчливиот вкус за најгорделивите македонски цивилизациски достигања на “Нашата земја” и на “Мојата земја” која едно време беше понижувачки и ФИРОМ па принудно Северна ама сепак Македонија за сега во сред Америка безимено да стаса до Мојата и до Нашата.

И тоа онака препотентно Горделиво.

И сред таму, отаде барата, да соопштиме дека сме биле клучната европска крстосница за американскиот плин.

И да пропаднеме в земја од срам што се фалиме дека сме биле единствената држава која во Берлин им аплаудирала на трампистичните рафални плукања врз европските анти агресорски позиции.

Единствената европска.

Не аплаудирала нити Орбанова Унгарија.

Кажаното за најстариот универзитет, за калимерото со ЕУ, за лагите за идентитетот, за аплаузите за политиката која заговара геноцид во Газа, за поддршката за американско – руското рекетирање со укринските минерали, за дузината географско туристички дребулии и за сличните пикантерии, нема место ниту во фуснота на овој текст.

Но има уште толку колку да потсети дека во американското републиканско конзервативно интервју, нашиот Христијан Мицкоски на американската публика и` соопшти дека неговиот рејтинг и поддршка овде се идентични со рејтингот и поддршката на Доналд Трамп таму.

Ќе спласне триумфалистичната еуфорија. Неминовно ќе издиши зашто таквата политика во самата најава бескрупулозно гази врз цивилизациските достигања на независноста на државите и врз елементарните човекови права и слободи.

Ќе издиши макар што таа политика била американска.

Кога, тогаш таквите неоколонизми издишуваат, ама историјата ги памети.

Нам ќе ни остане лузната. Врз народот македонски и врз државата Македонија што во ова еуфорично политичко време, нејзиното актуелно водство еуфорично поддржувала насилни триумфалистички политики.

Историјата влече многу опашки од такви популизми.

Некои од нив и многу трагични.

 

 

Зоран Иванов колумна Мицкоски трампизам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.