Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Lu-ping / Кога ќе почнат корумпираните за уши од дома да ги вадат ќе треба и себеси за уши од дома да си се извадат

0
By Zoran Ivanov on March 17, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Иванов

Мицкоски денеска пред новинарите рече дека милост ќе немало да имаат и дека за уши од дома ќе ги ваделе.

Ашколсум.

Фино кажано тоа за милост што ќе немале.

Уште поубаво што за уши од дома ќе ги ваделе.

Тоа со ушите му е посебно симпатично. Искуствено.

За ушите влечења навежбани се уште од бомбите предизборни. Од тогаш кога за уши ги влечеа. Оние, нели, човечињата. Кога во луѓето не гледаа луѓе. Кога во човечињата гледаа гласови. Гласови коруптивни.

И што сега би било различно за мотивите за влечењето за уши освен што првото беше влечење од пустец до изборните кутии, а ова сега, премиерсково, би било влечење од дома па до …

Методите исти, актерите исти, локациите различни.

Оттука, кога ќе почнат корумпираните за уши од дома да ги вадат, ќе треба и себеси за уши од дома да си се извадат.

И другите, секако. И претходните и идните.

Но бидејќи сега се власт и алатките за ушите и за влечењето се кај нив, би било показно, онака школски, од себе да почнат.

Колку за пример.

Да почнат од банката македонска па октата грчка па, …, па се до денес. До плацевите водњански и палатата бела и, посебно, од титулата најбогата, аналогно и најкорумпирана партија европска.

Влечење по ред. Од тогаш, откај банките и октите, па се до сега, до тендериве информатички и сертивикативе бугарски или обратно, сеедно.

Ќе има влечења за уши и тоа онака робусно.

Впрочем, во трите македонски плурални декади се изнагледавме корупции тони. Корупции ни се врежаа како колективни мемории.

Партизизации и корумпирации од горе па удолу се до дното каде што ја спуштија напатена Македонија.

Затоа, ајде без блефирања.

Без силења популистички. Без фрлања правови и без сеење магли зашто корупцијата ниту е од сега ниту пак вие не сте во неа.

Дејствувајте, обвинувајте, докажувајте, затворајте.

А тоа за ушите? Хм.

Тоа не е ниту за мали деца.

 

 

 

влечења Зоран Иванов корупции Мицкоски уши
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.