Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Мицкоски и модерниот македонски идентитет како компензација за традиционалниот македонски идентитет

0
By Zoran Ivanov on June 25, 2025 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Иванов

Мицкоски, тој уништувач на традиционалниот и основоположник на „модерниот“ македонски, ги испретумба лончињата идентитетски на наша национална штета, секако.

За почеток во Стразбур, а како тргнал идентитетски да не ништи, ќе стаса и до Брисел.

Со својата идентитетска кампања, како што вели и народната, Мицкоски ни стави трн во здрава нога.

А мал милион пати му е порачано и предочено да не отвара затворени теми.

Да не влегува во добиени битки.

Да не покренува идентитетски прашања затоа што, прво ги нема и, второ, теми историски и теми идентитетски не се теми на агендите на ЕУ. Тие и таму се завршени приказни.

И стопати му е порачано дека идентитетот македонски е тема затворена уште од АСНОМ па наваму и по втор пат потврден по осамостојувањето на Македонија.

Идентитетот македонски и јазикот македонски се зашишани во ООН.

И администрративно, катастарски, запишани, регистрирани, архивирани и депонирани таму во ООН.

Во тетратката на таа светска меѓународна организација. Таму меѓу сите од тоа друштво народи и нации.

И ај што предизборно ги изманипулира луѓето за гласови, демек идентитетот македонски тој ќе ни го спасувал и гордо, нели, веќе немало да има виткање кичми и `рбети, туку постизборно си се исповитка и си исколеничи молејќи ги Бугарине за средба било кога и било каде дури и било кој од нашите, како што вчеера повтори и неговиот млад мнр демагог, со кого од кај нивните.

А тие не го фермаат, го игнорираат и еве го епилогот од вчера од Стразбур. Ни закчија нов идентитет, „модерен“.

По толку коленичења, по толку мољакања за средби со бугарската страна за темата идентитет која не ниту тема за ЕУ, ниту е тема за овој век освен што е тема негова изборна, практично тој, а не некој однадвор, мам.то му го расплака на идентитетот македонски. Ни го модернизираше.

Наместо да ги игнорира бугарските средновековни дребулии, тој запнал ќе ни го бранел идентитетот. И еве ни го одбрани и тоа онака „модерно“.

Ни налепи нов идентитетски квалификатив. И тоа онаков, „модерен“.

Во Стразбур му го спопи.каа неговите. Тие десните со кои се фалеше, му покажаа среден прст.

Го отфикарија, му подметнаа „модерен“ јазик кој за среќа, само поради разумните таму, не мина и тоа за влакно.

Но ќе видиме, има и второ, јулско полувреме во кое, како тој и неговите тргнале, тие неговитѕе сестрински ќе не` дотолчат идентитетски модерно. Јазикот ќе ни го модернизираат.

Ќе не` туркале во ЕУ со нов „модерен македонски јазик“.  Ќе не` ребрендирале бирократите европски пријателите партиски на ДПМНЕ ко да сме Версаче производ.

И тоа неговите кои еве му местат „модерен македонски“. И кои всушност го маскираат, попрецизно, ни го подметнуваат дијалектот западен бугарски.

Ех бе Мицкоски, се залета идентитетски ко в.л во зелка.

А му велевме не отворај теми кои никој не ти ги бара, што туку чепкаш мечка у …

Ама не. Тој манипулативец докажан, северна ќе ја ништел, идентитет ќе ни средувал и јазик македонски вековен ќе ни спасувал.

На темата, на тенок мраз го навлече и оној за греотата известител кој не зне со каков балканец си има работа, оној Томас, оној дечконо ЕУ пратеник од Австрија.

Оној кому не му минаа финтите овдешни прешалтува во рикверц.

Ниту неколку часа не минаа од сразбурското гласање, и тој Вајс си го откачи Мицкоски.

Човекот побрза да се извлече па се испофали дека бил пријател со Бугарија. Згора, и дека му се чинело, впечаток му е, дека Македонија не сака во ЕУ.

И сега што. Тој, актуелниот шеф на ВМРО-ДПМНЕ и неговите, идентитетот и јазикот гордо ќе ни го бранеле.

Дури се поптврдува дека и впечатокот на Вајс е реален.

И дека е сосема јасно дека оваа актуелна власт македонска, не ја сака Македонија во ЕУ.

И излегува дека тоа што и предизборно го знаевме, дека идентитетот е само маската. Само манипулацијата популистичка. Мицкоски не сака со ЕУ и во ЕУ.

Ни се случува како да сме на кораб со пијан капетан кој наместо да не` води по ЕУ магистралата, не` насукува на балканското беспаќе.

Идентитетот ќе ни го бранел а, всушност, неговата „идентитетска“ политика, нас сите, топтан сите, сосе идентитетот наш македонски, тој, Мицкоски, не` стави за мезе на европската гурманска маса.

Таму, непријателите наши вековни, да можат да се изживуваат врз нашиот идентитет. Да го ситнат и моделираат. Да го модернизираат. Да сме им тема што не е тема и дополнително да не` домалтретираат со алатката што ни ја подметнаа. Со онаа за модерениот македонски јазик.

Со она „модерен“ што заудара на бугарската антимакедонска кампања за западнен дијалект.

Ете до каде не’ дотуркаа Мицкоски и дружината – идентитетот традиционален македонски да ни го компензираат со идентитет “модерен” немакедонски.

 

                                                 

                                                                          

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.