Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Но добро ајде барем колку за ука и за историја да запамтиме – дечкото се вика Жаре Стеваноски  

0
By Zoran Ivanov on August 10, 2025 ИЗБОР, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

  Зоран Иванов

Од Демир Хисар не бил, од Прилеп бил, од ваму бил, од таму бил.

Неважно е од каде бил, важното е каде е.

Дечкото адвокат, по народната, „од мајка роден е“.

Од таму е. Од мајка роден.

Од Мајка.

Плукнете се сите во тие ваши институции в лице.

Сите. Од курирот до началникот преку министерот до премиерот.

Сите.

Пред огледало или угоре па …

Плукнете се надлежни ако ова јавно не го истакнете.

Ако Гордана во Горица на кафе бар не го покани. За одличја …

Младиот адвокат Жаре Стеваноски е дете македонско.

Со дигнитет.

Воспитано домаќински.

Лилчност со образ.

Сопственик но видео, секоја чест и за „снимателот“, како доказ дека Македонија ќе ја биде.

Дека има такви.

Малкумина се ама бар ги има.

Уште ги има.

Секако, тешко ќе е со и во ваков политички амбиент.

До правдата и паравичноста ептен.

Речиси невозможно со, историски докажано ,корумптивна власт. Со власт популистичка и непотистичка.

Но, во случајов, на актуелната јавна макдонска општествена и политичка сцена, наспроти системот, е поединец.

Младиот адвокат сам наспроти системот партизиран, корумпиран и клиентилизиран.

Наспроти МВР, наспроти владата, наспроти власта и, жалосно, и наспроти молчеливиот и комформизиран македонски интелектуализам. Ако него воопшто и го има.

Тропа е работата со ваква наша Македонија.

Тропа.

Но, еве, ајде да видиме сега. Импулс има. Го даде адвокатот Жаре Стеваноски со ноќната видео драма во Демир Хисар.

Со драмата институционална, партизирана, исполитизирана, искриминализирана со директорката, со началникот полициски, со градоначалникот тамошен, со мајкаму ли, со, сестраму ли, со комшијата ли, неважно и сеедно.

Наспроти нив, наспроти таа партизирана бахатост од позиција на власт, се исправи и се спротивстави едно момче.

Еден дечко со образование, со знаење, со вештина и со образ.

Со образ.

Младиот адвокат Жаре Стеваноски кој, онака традиционално маалски, го подбра системов наш македонски.

Ово систем, еве пак, корумпирн, партизиран, непотизиран.

Како сево ова Демирхисарско ќе заврши, не зависи веќе од никого освен од јавноста македонска.

Ако ја има, секако.

Но еве и пооптимистички – можеби, наспроти партиската, нечија совест човечка, граѓанска, домаќинска, сепак ќе пукне.

Па, Панче, Христијан, … или?

Но добро, тогаш ајдете, барем колку за ука и за историјата, да запамтиме – дечкото се вика Жаре Стеваноски.

                                                                        Нова тв.мк / 9 август 2025

 

 

 

 

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.