Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Овојпат нема да го бранам Џабир Дерала

0
By Zoran Ivanov on June 18, 2025 ИЗБОР, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 18, 2025 17:55

Зоран Иванов

Уште вчера по веста дека Мицкоски го „добил“ Џабир на суд, се фатив за телефонот за пак, како и претходно во слични околности за Џабир и судот, да чкртнам ред, два од нога но, баталив.

Си велам што некој воопшто би имал потреба да го брани Џабир и тоа од кого, oд Христијан. Од човекот кој тужи јавност од една моќна политичка позиција како прв човек на моќната политичка партија и кој пресудата ја дочекува на уште помоќна позиција како премиер на Северна Македонија.

На Северна беше, нели? Премиер на Северна? Уште сме Северна, така? А вети и така стана премиер. За тоа ќе треба да се тужи но да се вратам на темата.

Значи, Дерала е тужен од човекот кој тужи од позиција на една своја времена позиција на моќ и на тон суета.

И тоа тужел за пишан збор. И тоа новинар на кој работното место му е јавност. И тоа е тужен за напишана мисла. И тоа тужителот имал можност за исправка, за демант, за мал милион поинакви цивилизациски, демократски, па и карактерни сатисфакции.

А за судот кој осудува новинар за негова работна обврска, за персоналот таму, за некои од нив посебно, другпат.

Tуку да завршам на темата.

Христијан Мицкоски тужел за изречена мисла. Ја одбрал највалканата варијанта, најпримитивната алатка за дисциплинирање јавноста од позиција на моќ. Од позиција на функција од која не му доликува да „добива“ новинар на суд. Посебно не со вакво, со два, нели, посто судство.

А можел да реагира лично со јавен збор. Барем тој, таква медиумска можност има во изобилие. Ќе испаднеше фраер. Вака …

Вака немам од кого да го бранам Џабир. Нема да реагирам што функционеро на суд го добил новинар. Нема смисла.

Дури, на Џабир ова му е уште една фина можност, и оваа пресуда за новинарска посветеност, да си ја архивира во папката во која си ги чуваа професионалните комплименти.

Зоран Иванов колумна реакција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.