Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping /  Поентата не е во тепањето туку во криминалот но за тоа одговор не побара никој од никого    

0
By Zoran Ivanov on July 11, 2025 ИЗБОР, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Иванов

Дефинитивно Македонија нема јавност.

Власта со вакви медиуми, посебно со вакви ТВ и со нивните уредници, денеска пак си поигра мајтап со нив и преку нив и со нас граѓаните.
Си поигрува така и со овој случај и со сличните. Со вакви влијателни медиуми, си се мајтапи со правото и со правдата.
При отворени очи јавно преку ТВ екраните поткрепува криминал во кој, според нејзините заташкувачки реакции и премолчување на мотивите за кои градоначалничката се впуштила во службена контрола, очигледно и самата учествува.
Цел ден од екраните не се симнаа ниту Данела, ниту Панче.
Брујат и брмчат и медиумите онака оркестрирано како што власта и посакува, како плот за стап држејќи се до инцидентот во Чаир.
До последицата а, притоа, игнорирајќи ја причината.
Попрецизно, премолчувајќи ги тамошните теренски криминални активности.
Ниту еден медиум не ги праша надлежните има ли криминал на местото каде што градоначалничката беше нападната или Данела навистина си прави ПР?
Никој не праша дали е запрена градбата доколку е навистина на диво.
Ниеден медиум, ниту една ТВ не праша дали до дивиот зградо градител стасала институционална пријава.
Има ли инвеститорот одобрение или нема.
Има ли согласности за приклучоци за вода и струја или нема.
Дали ќе биде напишан налог за уривање или пак е се, сиот тој див криминал однапред, па дури и предизборно договорен.
Данела, тоа камче во чевелот на власта, ќе остане ли само уште една жртва во инцидент или власта сепак ќе мора да ги покрене институциите и нејзините репресивни алатки кога станува збор за криминал.
Или, како да не се случува ништо, со сесрдна помош на се уште популистички влијателните национални ТВ, идентично како денеска, ќе продолжи да ја мавтосува јавноста со вакви и слични инциденти и ќе бега од непоставеното прашање дали објектот предмет на инцидентот, е дива градба или не е.
И дали, ако е, ќе се руши или не.
Или пак, вообичаено, со партиските мнозинства во собранието, ќе се озакони и овој криминал.
Засега, судејќи и по активностите на скопската градоначалничка и по молкот на институциите и на надлежните министри и на другите функционери, ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, денеска се ставија на страната на криминалот.
Но ако јавноста, медиумите и граѓаните тоа им го одобруваат, ако уредниците не најдоа за сходно да прашаат за криминалот и со своите теренски извештаи и студиски интервјуа успеаја да ја заметнат главната тема, ако намерно или од незнаење го премолчеа главното прашање дали во целиот случај станува збор за криминал или не, ако го фрлија под ќилим клучното прашање за кое денеска одговор не побара никој од никого, тогаш, тогаш …

 

 

                                                       

 

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.