Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Со патетики и со партиски математики не се чисти системот, не со такви финти

0
By Zoran Ivanov on April 15, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Иванов

Министер не би требало да б’мбори по пресови и фејсбуци, да се навраќа како било од асном па наваму туку, како слуга на народот, нели, да слуша и да дејствува сега и овде.

Фатив на вести, на една нивна тв, уредникот водител вели министерот Тошковски, „жестоко” им одговори на сдсм, дуи и левица, “многу жестоко” појачува, додава гас водителот уредник на вестите на националната телевизија. Дополнува дека тој, министерот, „ептен жестоко ги запукал на фејсбук.

Ме заинтригира малку, некако ми недостасуваше смешка па го побарав фб профилот на министерот да го ѕирнам тоа “жестоко”, “многу жестоко” и тоа „запукал“.

И што да видам. Профил фб ко профил ама овој не на било кој туку на министер на ептен важен ресор кој на секое свое фб фото, на секој свој фб пост, туп, знаме македонско си залешил. Патриотски ептен.

Мислев е пограѓанин но добро. Младост. Можеби така побргу се пробива во партијата матична на која, патем, на пола од досегашните нејзини функционери, граѓанствата и државјанствата онака ептен патриотски им висеа и уште им висат по бандерите во пиринските села. Но ајде толку за патриотизмот преку знамињата министерски па на темата од насловот.

Очигледно, кога зборува за корупција, министерот како да не си се разбира дека во периодов по кочанската трагедија посебно, тој е меѓу прјаниците на корупцијата.

Додша онаа именувана како корупција со влијание. Евидентна корупција со влијание како што би формулирале и од антикорупциска.

Влијание кога министер од таа и таква државна моќна и влијателна позизија коруптивно си ги покрива своите во ресорот.

Оние на кои, не партиите опозициски, туку за кои афирмирани правници велат дека за конкретниот настан во конкретниот ден и на конкретниот час, најнепосредно најодговорни се неговите од ресорот.

Дали тоа го гледа, го слуша и го чита министерот па макар и на фејсбук. И дали ги разбира пораките макар, еве, нека се тие дури и од неговите партиско опозициски опоненти?

Судејќи според квалификативот на погоре посочениот тв уредник, “жестокиот” одговор на министерот на партиските ама и на приговорите на јавноста, на онаа трезвената, пореалната и пообјективната, забелешките на неговите робусни ангажмани бркајќи виновници насекаде наназад освен тука пред него, кај него, во неговиот атар, навистина жесток фејсбук одговор. Многу жесток.

Жесток како лет во место. Пафташ со крилјата и пуф, ништо. Ништо зашто со патетики и со партиски математики, системот не се чисти. Не со такви финти.

Не, зашто цената не ја плаќа министерот како што вли самиот за себе. Не. Цената ја плаќа правдата. Правдата.

Но, кај и да е, вознесот ќе му мине. Како и на многумина седнати на истата таа фотелја пред него. Ќе му мине. И како и на претходните, и нему ќе му се паметат само ароганцијата како производ на моќта на позицијата. И утките што еве цел месец ги ниже како лисје тутун на црниот коноп на кочанската трагедија.

Време е да се запре и со прес забавите и со фејсбук забавите. И со политизирањата. Со прес, фејсбук и партисли б’мборења.

Како за министер, ајде потрезвено, пореално, поправично.

Ако се има малку усул и малку образ, секако.

Зоран Иванов колумна Тошковски финти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.