Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Тендер за коректив на владата или софтвер за корегирање на медиумите

0
By Marija Todorovska on March 28, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Иванов

Владата распиша тендер за софтвер со кој, како што наведува, ќе ги оценувала медиумските објави во однос на позитивна, негативна и неутрална конотација.

Целта, наводно, да креирала и да спроведувала политики за добробит на јавноста, на граѓаните.

Значи, новинарите, уредниците, колумнистите и нивните прес продукти би биле таа владина алатка за корекции на нејзиното напорно работење за, веројатно, да не застрани.

Медиумските вести и коментари да и биле нејзиниот коректив.

Конотацијата на вестите ќе ја анализирала.

Демек владата, оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, оваа толку самобендисана и арогантна и башка со традиционални тотлитарни партиски манири, како да не знае кога спроведува режим, кога манипулира и кога се расфрла со медиумски правови и магли, па сега таа самата ќе ги потслушнувала медиумите.

Па поевтино и е пак да почне да ги прислушкува уредниците. Опрема има и ни тендер ќе и треба ни нови пари ќе мора да троши.

Куп прашања но еве овде само едно:

Софтвер за коректив на владата или тендер за корегирање на медиумите кои не свират според владините ноти?

Софтвер за ги потпритисне малку. За почеток ако во нивната просторија нема ПП апарат, на пример и сл.

На пример.

А тука нема некои филозофии. Историјата на новинарството и на политиката е сосема јасна.

Нема политика која не стравува од медиуми. Нема. Па смислува разни трикови за контрола.

Од корупции со сопствениците до шиканирање на новинарите.

Ќе ги следела медиумите и новинарите, владата вели не нив туку тоа што пишуваат што е повеќе од исто, и ќе ги ставала, пазете, софтверот ќе ги ставал во конотација.

Ќе ги селектирал во позитивна, во негативна или во неутрална конотација.

Софтверот ќе селектира, владата ќе се корегира.

Каква тоа конотација ќе толкува владата и какви тоа асоцијации ќе открива во вестите?

Идеолошки, пријателски, непријателски, про државни, анти државни, патриотски, апатриотски. Какви?

Секоја вест, секој извештај од владин настан, секој коментар и секоја колумна во конотација и со сугестии за асоцијации ли?

Малку штосно, малку и параноично.

А всушност, и историски и актуелно, за релацијата власт – медиуми или обратно сеедно, единствен репер за позитивни, негативни, неутрални, за провладини,или за прокритички медиуми и новинари, е само јавноста.

Читателите, слушателите, гледачите се тој демократски софтвер.

И конотациите и асоцијациите се граѓаните, а не владата.

Таа, власта, нека си го тестира јавното мислење. Има софтвери и за тоа. И агенции има.

Нека ја батали оваа тендерска идеја со тоталитарна арома.

А ако веќе решила да дава пари на софтвери, можеби би било поарно и покорисно владата да го „преврт“тендерот.

Да нарача софтвер кој ќе им служи на медиумите побрзо да ги откриваат манипулациите на власта.

Брзо и веднаш да ги детектира нејзините лаги. Да и ги толкува лажните и неостварливи ветувања.

Без никакви асоцијации да ги става во конотации нејзините популистички наративи и да ги открива лажните дипломи и лажните сертификати во владините редови.

Само предлагам.

Влада Зоран Иванов меидуми тендер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.